[Студија на случај] Зошто Trustmark беџовите се важни за е-трговијата?

Како дел од нивната анализа на веб-сајтови за е-трговија, дигиталната маркетинг агенција Inflow повеќе од една деценија постојано тестира различни Trustmark badges од неколку компании. Двата беџови кои се претставија најдобро на нивните тестови во 2018 година биле Norton и McAfee. Во овој пост, тие откриваат бренд што влијаел на постигнување повеќе конверзии од Norton […]
Дали WhatsApp е следниот голем канал за е-трговија?

Ако мислите дека WhatsApp е исклучиво за секојдневни разговори со пријатели, размислете повторно. WhatsApp за бизнис има сериозна привлечност – над 175 милиони луѓе испраќаат порака на некој WhatsApp Business секој ден. За време на годишната F8 Refresh конференција на Facebook, шефот на бизнис производите на WhatsApp, Аџит Варма, сподели како платформата се развива како […]
[Интервју] м-р Марко Ѓоргиевски, Директор @ НАЕОПМ: Важно е студентите да се вклучени во развојот на стратегии и спроведување на политиките кои носат намалување на сивата економија

Во периодот од 14.05 – 16.05.2021 Асоцијацијата за е-трговија на Македонија организира виртуелен хакатон насловен „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“, во соработка со Економски Факултет – Скопје и ФИНКИ. Дел од поддржувачите и партнерите на овој хакатон е и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Со директорот на НА, м-р Марко Ѓоргиевски […]
АЕТМ го организира првиот виртуелен хакатон посветен на сивата економија: „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“

Согласно Извештаите од анализа на е-трговија во Република Северна Македонија, 2018 и 2020 година, една од главните мапирани бариери за раст на бизнисите во е-трговијата е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистрираните компании. Според анализата на прашалникот спроведен во 2020 година од АЕТМ на 2.800 е-купувачи, над 70% од купувачите свесно учествуваат во […]
АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание

Вчера го одржавме нашето Годишно Собрание, онлајн, согласно мерките за заштита од коронавирусот. Во последната година постигнавме значајни резултати – ја подигнавме свеста за значењето и потенцијалот на е-трговијата и директно помогнавме за зајканување на дигиталните вештини и зголемување на понудата во е-трговијата, особено во време на пандемија каде што е-трговијата се покажа како неопходност. […]
Прометот кај домашните е-трговци во 2020 пораснал за 135% споредено со 2019 година

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележува значително забрзан раст. И во Република Северна Македонија се забележува значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализини со домашни картички кон домашни е-трговци. Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република Северна Македонија, […]
Серијал студии на случај #6 – Grouper.mk: Падот во приходите од секциите патувања и услуги го компензиравме со фокусирање на нови проекти и активности

Grouper.mk го воведе моделот на групно купување на пазарот во Република Северна Македонија, а низ годините со постојано адаптирање и воведување нови иницијативи успеа да се позиционира како лидер во е-трговија. Почна со работа 2011 година, брои 17 вработени, опслужува над 250.000 регистрирани купувачи во соработка со над 3.500 компании-продавачи и даватели на услуги. Grouper беше […]
Проверете каде купувате онлајн: Го објавивме првиот онлајн регистар на е-трговци

Пандемијата отвори бројни можности за забрзување на растот на е-трговијата, но и бројни предизвици за е-трговците. Сѐ почеста е појавата на голем број нерегистрирани продавачи кои нудат производи за продажба преку пораки на социјалните медиуми, што претставува нелојална конкуренција за регистрираните онлајн продавници. Кога купувачите прават нарачки преку пораки на социјални медиуми од продавачи (регистрирани […]
Серијал студии на случај – #4 – ЕВН АД Скопје: Драстичен раст на онлајн плаќањето сметки во време на КОВИД-19 пандемијата

ЕВН Македонија АД Скопје е енергетска компанија која на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. Најновиот член на семејството на ЕВН – ЕВН Хоме ја извршува улогата на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во […]
Серијал студии на случај #3 – Еко Логистик Сервис: Основен столб на е-трговијата е квалитетна и брза достава – Забрзување на растот на компанијата за 600%

Еко Логистик Сервис дооел Скопје (ЕЛС) е водечка компанија за достава во вршењето на поштенски и курирски услуги реализирани преку е-трговија. Компанијата е основана 2018 година и има 176 вработени од кои 93 доставувачи. Над 4.800 правни и физички лица ги користат нивните услуги, а ги доставуваат пратките на 3.566 соработници. Како адаптација наметната од […]
Серијал студии на случај – #2 ЈП Водовод и канализација: Трикратен пораст во онлајн наплатата на сметки по започнувањето на КОВИД-19

Основна дејност на Ј.П. „Водовод и канализација“ Скопје е собирање, пречиствување и дистрибуција на вода за пиење како и одведување на урбани отпадни води, обезбедување на здраствено исправна вода за пиење неопходна за животот на граѓаните и воопшто за функционирање и развој на Град Скопје. ЈП Водовод и канализација е основана во 1992 годинаи и […]
Facebook Shops започнаа со работа во Велика Британија

Facebook Shops, место за откривање бизниси и пребарување производи во апликацијата Facebook станаа достапни кај корисниците во Велика Британија. Ова лансирање го означува првиот европски пазар каде што е достапна оваа Facebook опција. Во август минатата година, Facebook ги претстави Facebook Shops, што им овозможува на своите корисници да најдат производи, да откриваат нови бизниси […]
Серијал студии на случај – #1 Кликни Јади: Пандемијата имаше огромен удел на развојот на нови видови на услуги

Како студии на случај во годишната анализа за е-трговија се избрани шест македонски и една меѓународна компанија: компанијата за малопродажба на спортска опрема на регионално ниво – Sport Vision, водечката компанија за онлајн продажба Grouper.mk, платформата за нарачување на храна Кликни Јади, компанијата за достава Еко Логистик Сервис ДООЕЛ Скопје, како и три компании од […]
Биди дел од настанот SheCommerce – Иновирај и инспирирај: започни со своја е-продавница

Не пропуштајте ја уникатната можност да научите како да го развиете сопствениот бизнис со отворање на е-продавница од едни од најуспешните претприемачки во Македонија! Сакате да се информирате бесплатно за сите работи поврзани со е-трговијата и со какви предизвици можете да се соочите низ овој процес? Учествувајте на панел дискусијата и дознајте ги сите можности […]
Швајцарија e прва според индексот на е-трговија на УНКТАД

Швајцарија го зазема првото место на индексот за B2C е-трговија на Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации. Ја надминува Холандија, која заврши прва во претходните две изданија. Веќе неколку години, УНКТАД рангира 152 земји според нивната подготвеност да се занимаваат со е-трговија. Како и обично, Европа е убедливо најподготвениот регион за продажба преку […]
[Интервју] Душан Марковиќ, Gemak.mk: Можностите за остварување на целите на една е-продавница се навистина неограничени

И оваа работна недела ја започнуваме со интервју со еден од нашите членови – Gemak.mk. Разговаравме со Душан Марковиќ, корпоративниот маркетинг менаџер на Гемак Траде кој ни кажа нешто повеќе за забрзаната автоматизација на компанијата, за доставата на производите од е-продавницата како еден од најголемите приоритети и за формирање на посебен оддел за е-трговија во […]
Инвестиции во европска логистика: 39 милијарди евра во 2020 година

Инвестициите во логистика во Европа се искачиле на 38,64 милијарди евра во 2020 година. Ова, се разбира, е водено од масовниот раст на е-трговијата во Европа. Минатата година е највисока бројка забележана од 2013 година. Мерките за covid-19 ширум Европа доведоа до зголемување на купувањето преку интернет. И ова доведе до рекордно зафаќање на магацините […]
Се одржа #5 Learn-a-thon “Growth Hacking & KPI Driven Marketing”

Како дел од серијалот едукативни обуки, на 09.02 и 10.02 го реализиравме последниот од петте Learn-a-thon тренинзи на тема “Growth Hacking & KPI Driven Marketing” во соработка со SEDC и NewMediaMK. Овој тренинг се одржа во рамки на иницијативата Ecommerce4ALL која се реализира со помош на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. На […]
Германската е-трговија има потенцијал да порасне на 141 милијарда евра во 2024 година

За е-трговијата во Германија се предвидува значително да порасне во наредните години. По рекордната година поврзана со корона со достигнување на вредноста на онлајн продажбата некаде помеѓу 80 и 88 милијарди евра, трендот ќе продолжи. Се предвидува дека е-трговија во Германија може да вреди 120 милијарди евра во 2024 година, а можеби дури и 141 […]
АЕТМ потпиша меморандум за соработка со Македонската берза

АЕТМ денес потпиша Меморандум за соработка со Македонската берза. Потпишувањето на овој Меморандум произлегува од стратешките определби на двете институции и нивната комуникација во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Целта на овој Меморандум е отпочнување на поблиска соработка помеѓу АЕТМ и Берзата во доменот на размена на информации, едукација и […]
Adobe: Cyber Monday привлекува продажба вредна 10,8 милијарди долари

Потрошувачите потрошија околу 10,8 милијарди долари на Интернет до крајот на Cyber Monday, што претставува раст од 15,1% во продажбата на Интернет од минатата година, вели извештајот на Adobe. Според извештајот, купувањето преку мобилен телефон сочинува 37% од продажбата на Cyber Monday. Според истражувањето на Adobe, купувачите од Cyber Monday ги искористија попустите на компјутерите, […]
Зошто Јужна Европа заостанува во е-трговијата?

Јужна Европа, во овој случај дефиниранa како Шпанија и Италија, заостанува во е-трговијата. Продажбата преку Интернет како процент од вкупната малопродажба, на пример, е далеку помала отколку во северните земји. Но, зошто е тоа така? Се чини дека луѓето во Јужна Европа останаа отпорни на е-трговија. Минатата година, на пример, скоро 80% од Германците купувале […]
5 заклучоци од третата годишна конференција за е-трговија

Под мотото „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!” на 25-ти и 26-ти ноември, се одржа Третата годишна конференција за е-трговија на која присуствуваа повеќе од 340 учесници од преку 100 компании, организации, владини институции и образовни установи. Конференцијата, во своето премиерно онлајн издание, се состоеше од богата дводневна програма во која учество земаа 35 еминентни […]
4 начини да ја подобрите вашата landing page за ги постигнете продажните цели

Неколку работи се повозбудливи од лансирањето на нов производ. За веб сајтовите на е-трговците, landing page (или страницата на која “слетувате” при посета на веб-сајт) игра голема улога при поттик на продажба, особено набргу по лансирањето. За жал, ова е една област на која е-трговците не посветуваат многу внимание. Не е важно колку добро управувате […]
3 стратегии за опстанок и раст на бизнисите на е-трговците за време на рецесија

Додека голем дел од фокусот во изминатите неколку месеци се однесуваше на деловните активности кои се прилагодуваат на работење на далечина, не се одрекува дека влијаат и дигиталните брендови. Многу компании за е-трговија доживеале значителни нарушувања во нивниот синџир на снабдување или се соочиле со опаѓање на продажбата во нивните категории на производи, бидејќи потрошувачите […]
Креиравме платформа за дигитални услуги и дигитална солидарност

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ Скопје) поддржано од ФИТР како дел од јавниот повик “КРЕАТОН” изработи веб платформа за дигитални услуги достапни за сите граѓани на нашата земја. Јавниот повик “КРЕАТОН” е дел од иницијатива на ФИТР која има за цел справување со последиците од КОВИД-19 и истиот е поддржан од Амбасадата на Швајцарија […]
Шест придобивки од отворање на ваша е-продавница

За многу луѓе во светот, е-трговијата станува еден од најпосакуваните начини на купување токму поради нејзината едноставност и практичност. Купувачите немаат никакви ограничувања, ним им е дозволено да купуваат производи или услуги од удобноста на својот дом во секое време од денот или ноќта. При е-трговијата, достапни се опции за купување кои се брзи, практични […]
Топ 10 најбрзо растечки и опаѓачки категории во е-трговијата во овој период

Е-трговијата претрпува драстична промена поради владините препораки за останување дома и привремено затворање на некои од бизнисите. Не само што потрошувачите купуваат сѐ повеќе преку интернет, туку и нивното однесување при онлајн шопингот значително се менува. Иако е јасно дека за време на моменталната пандемија со корона вирус, потрошувачите купуваат изобилство од тоалетна хартија, конзервирана […]
Краткорочни стратегии за справување на трговците со COVID-19

COVID-19 има големо негативно влијание врз поединците и општата економија како во целиот свет, така и во нашата земја. Со оглед на тоа што купувачите социјално се дистанцираат и работат од дома, тие поминуваат многу повеќе време онлајн од порано. Па затоа, споделуваме неколку стратегии кои можат да ви помогна за зајакнување на интернет продажбата […]
Улогата на убедлив copywriting во е-трговијата

Copywriting е една од најважните алатки која се користи за креирање на совршената онлајн продавница. Покрај сите технички елементи на една веб страна која што се занимава со е-трговија, голема улога има умешноста во користење на зборовите кои навлегуваат во емоциите на читателот со цел тој да направи некој клик, да превземе, да купи или […]