Новости од е-трговија

Facebook Shops започнаа со работа во Велика Британија

Facebook Shops, место за откривање бизниси и пребарување производи во апликацијата Facebook станаа достапни кај корисниците во Велика Британија. Ова лансирање го означува првиот европски пазар каде што е достапна оваа Facebook опција.

Во август минатата година, Facebook ги претстави Facebook Shops, што им овозможува на своите корисници да најдат производи, да откриваат нови бизниси и да купуваат, сè на едно место. Тогаш, Facebook штотуку започна да го тестира ова во САД и креираше дополнителна дестинација за шопинг на Инстаграм, наречена Instagram Shop.

Сега, Facebook Shops ќе бидат достапни за корисниците во Велика Британија (и Канада). Таму, и големите брендови и малите бизниси можат да се поврзат со своите клиенти преку популарната социјална мрежа. Практично секој бизнис може да отвори ‘виртуелен излог’. И преку збир на производи од продавачи со продавница на Фејсбук, корисниците можат да се инспирираат и да откријат нови бизниси.

Фејсбук не даде голема изјава за лансирањето на Facebook Shops во Велика Британија, но наместо тоа, направи кратко ажурирање на нивното соопштение од август минатата година.

Извор: Ecommerce News