Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Асоцијација за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ Скопје (понатаму “AETСM”, “Ние”, “Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.ecommerce.mk (понатаму: ”интернет страница”). Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Содржината на веб-сајтот ecommerce.mk е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија.
КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугите на ecommerce.mk (користење на услугата за аплицирање и/или уплаќање фактури за членство во АЕТСМ или беџ за верификуван е-трговец, пополнување на форми за контактирање, како и преземање на извештаи). Доколку ја посетувате оваа интернет страница или употребувате некои од горенаведените услуги, се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.
При пополнување на контакт формата на интернет страната, AETСM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Име
- Презиме
- Е-маил
- Телефонски број
- Порака
При Ваше аплицирање за Беџот за верификуван е-трговец, AETСM ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Име на правен субјект
- Вашето име и презиме
- Веб страница
- Емаил адреса
- Телефон
- Одговори на апликацијата за здобивање со Беџ за верификуван е-трговец
При ваше аплицирање за членство во Асоцијацијата, АЕТСМ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Правен назив на субјектот
- Адреса
- Телефон
- Веб страница
- ЕДБ
- ЕМБС
- Главна приходна шифра на дејност
- Дејност на работење
- Краток опис на производите или услугите што ги нуди компаниајта
- Број на вработени
- Овластено лице кое ке ја застапува компанијата во АЕТСМ
- E-mail за контакт
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), АЕТСМ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
COOKIES / КОЛАЧИЊА
За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“ [линк].
НАЧИН НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците при вашата посета на веб-сајтот се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
ЗА КОИ ЦЕЛИ СЕ СОБИРААТ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ?
АЕТСМ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
- Аплицирање за Беџ за верификуван е-трговец и негово плаќање онлајн
- Аплицирање за членство во АЕТСМ и негово плаќање онлајн
- Администрирање на содржината и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
- Информирање на корисниците за своите услуги (директен маркетинг) – ве молиме видете за повеќе детали подолу, во точка 6;
- За рефундирање на средства
- За ваше контактирање по пат на електронска пошта / телефонски број
НАЧИН НА ОБРАБОТКА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од АЕТСМ коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.Обработката на Вашите лични податоци ја врши АЕТСМ согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, АЕТСМ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои АЕТСМ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Личните податоци при користење на услугата Контакт, Пополнување на пристапница за членство и преземање на извештаи АЕТСМ ги чува се до повлекување на Вашата согласност
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), АЕТСМ ги чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.
ПОЛИТИКА ЗА НАЧИН НА ВРШЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашиот настан или новости за е-трговијата и за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања за претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас. Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При посета на нашиот веб-сајт, имате право да ја оставите својата e-mail адреса во полето “Бидете во тек” со стискање на копчето “ЗАЧЛЕНИ СЕ”.
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list”
Или, Вашите права може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Марија Ристовска во секое време преку
Е-маил адреса: marija@ecommerce.mk
Контакт телефон: +389 78 67 98 92
ВАШИ ПРАВA
Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:
- Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
- Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
- Право на бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
- Право на приговор против обработката на личните податоци;
- Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
- Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Марија Ристовска на следниов e-mail: marija@ecommerce.mk или прочитајте ја официјалната политика на следниот линк.
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права
Политика за заштита на лични податоци
Образец 1: Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
Образец 2: Барање за запирање на обработката на личните податоци
ДАВАЊЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСТЕЊЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ
АЕТСМ не врши пренос на лични податоци во трети држави.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ ОД КОНТРОЛОР
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
ДАТУМ НА ОБЈАВА НА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
01.09.2021 годинa.
/*последно ажурирано 01.02.2024 година