Што се email известувања

Email известувања се пораки кои ги добивате во вашето онлајн поштенско сандаче и ве информираат за сите информации и новости од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија. Email известувањата ги добивате доколку се зачлените на нашата email newsletter листа за известувања.

Цел на email newsletter известувањата

Целта на email известувањата е да добивате информации во вашето email сандаче за сите новости поврзани со е-трговијата, како и за сите новитети од АЕТСМ.

Зачленување во нашиот newsletter

При посета на веб-сајтот на АЕТСМ (ecommerce.mk) во футерот е поставено поле во кое можете да ја внесете вашата е-маил адреса и да се зачлените на нашиот newsletter со штиклирање на опцијата „Се согласувам да добивам email известувања и новости“. Исто така зачленувањето во е-маил адресата може да ја направите и со пополнување на пристапница за членство.

Како се користи вашата email адреса

Email адресата со која ќе се зачлените ќе стане дел од нашата листа за email newsletter известувања. Единствен начин на кој ќе се користи вашата email адреса е испраќање на email newsletter известувања за информации и новости од АЕТСМ.

Право на отчленување од листата на email newsletter известувања и бришење на email адресата

Секој корисник има право да ја даде или да ја повлече согласноста за Директен маркетинг во било кое време. Отчленувањето од email newsletter известувањата е многу едноставно.
На секој email кој го добивате во долниот десен агол има копче ‘Отчлени се’. Го кликате копчето и на новиот прозорец кој ќе ви се отвори притискате ‘Yes’. Со тоа повеќе нема да добивате email известувања од АЕТСМ.
Доколку сакате вашата email адреса да биде целосно избришана, пишувате email до info@ecommerce.mk со цел целосно бришење на истата.