Преку најразлични активности како што се обуки и истражувања, лобирање и информирање, во АЕТСМ целиме кон градење на поволна околина за раст на е-трговијата во С. Македонија.
Верификуван е-трговец
Од основањето на АЕТСМ во декември 2017 година нашата мисија е да креираме иднина за раст и развој на е-трговијата во Република С. Македонија, особено поттикнувајќи ги инклузивните практики.
Нашите цели се застапување на интересите на компаниите за е-трговија, соработка со релевантни организации и институции, подобрување на знаењето и разбирањето на е-трговијата, вклучувајќи ги нејзините придружни услуги и технологии, и стремиме кон намалување или елиминирање на бариерите кои го попречуваат нејзиниот раст и севкупниот развој на индустријата.
Преку најразлични активности како што се обуки и истражувања, лобирање и информирање, во АЕТСМ целиме кон градење на поволна околина за раст на е-трговијата во С. Македонија.
Со бројни партнерства воспоставени меѓу сите засегнати страни од екосистемот на е-трговијата и над 120 поддржувачи и компании кои се членови во АЕТСМ, активно работиме кон остварување на нашата мисија.
Секојдневно се среќаваме со истите предизвици како и нашите соработници, а нашата цел е да ги поедноставиме нашите животи, да ги забрзаме деловните процеси, да ја насочиме работата и да ги олесниме административните оптоварувања во сите домени. Овој колективен напор има за цел да поттикне заеднички раст и просперитет за сите кои се дел од е-трговијата.