6 причини зошто да ни се придружите!
Ние ќе се трудиме да ви помогнеме да го подобрите вашиот бизнис. Ние ја создаваме и ја обликуваме иднината на е-трговија за да го поттикнеме растот и успехот на индустријата и сите наши соработници.
Networking
настани
Учество во организирани настани за разменување на мислења помеѓу членките за отворање на нови бизнис можности, познанства и партнерства. Поврзување на членки и органзирање на состаноци за соработки.
Едукативни настани и тренинзи
Специјализирани обуки и едукативни настани поврзани со е-трговија за различни аспекти кои им се потребни на членките во организација на АЕТМ преку партнерства со членките (бесплатно или по специјални промотивни цени за членките)
Пристап до податоци и истражувања
Newsletter известувања за анализи и пристап до податоци од областа на електронската трговија во Македонија, информации за настани и случувања за е-трговијата во Македонија и Европа
Застапување пред институции и лобирање
Идентификување на потребите и предизвиците на членките; застапување на интересите на членките при соработка со интитуциите за елеминирање на пречките и подобрување на состојбите.
Промоција на вашиот бизнис
Членките на Асоцијацијата за е-трговија и нивните услуги ќе бидат промовирани пред индустријата за електронска трговија во Македонија и Европа (поставување лого на веб страната на асоцијацијата )
*Податоците се според извештајот од анализата за е-трговија на Македонија и истите се однесуваат за 2017 година.
Како да се зачленам?
АЕТМ ги поздравува сите кои сакаат да се приклучат. Пополнете ја пристапницата и испратете ја до нас. Вашата пристапница ќе биде разгледана и во најбрз можен рок ќе добиете одговор за следните чекори. Годишните партиципации за членство во асоцијацијата се следните:
Број на вработени |
Годишна членарина во АЕТМ |
0-9 | 150 EUR |
10-50 | 300 EUR |
51-100 | 500 EUR |
> 100 | 950 EUR |
Со пополнување на оваа пристапница согласен сум да ја платам членарината на сметката на АЕТМ, како и да ги почитувам Статутот и другите акти на АЕТМ и нејзините органи. Со пополнување на оваа пристапница ги прифаќам сите права и обврски кои согласно Статутот како член ми следуваат.