ПРИСТАПНИЦА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО АЕТМ

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е прва и единствена асоцијација која се стреми кон инклузивна е-трговија. Нашата мисија е да креираме иднина за раст и развој на е-трговијата во Република Македонија. Асоцијацијата има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија како и сите засегнати компании и организации, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово прошиурување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Преку најразлични активности како што се обуки и истражувања, лобирање и информирање асоцијацијата се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговијата во Македонија. Асоцијацијата беше основана во декември 2017 година и за само две години успеа да изгради партнерска соработка со сите засегнати страни од синџирот за е-трговија. Моментално брои повеќе од 100 компании кои станаа нејзини членови и поддржувачи.

“Ние веруваме дека иднината за подобра Македонија е во дигитална Македонија и смарт општество, а е-трговијата е интегрален дел од едно такво општество.”

ПРИДРУЖИ НИ СЕ!

    Пристапница за членство во АЕТМ

    Одберете ја соодветната членарина:

    150евра

    300евра

    500евра

    950евра

    *Се согласувам внесените податоци, да бидат прибирани и обработувани од страна на АЕТМ согласно Политиката за заштита на лични податоци достапна на https://ecommerce.mk/politika-za-privatnost/
    *Се согласувам да добивам email известувања и новости од АЕТМ и изјавувам дека сум запознаен со Политиката за промотивни email известувања https://ecommerce.mk/politika-za-email

    Со пополнување на оваа пристапница согласен сум да ја платам членарината на сметката на АЕТМ согласно бројот на вработени во правното лице кое се зачленува, како и да ги почитувам Статутот и другите акти на АЕТМ и нејзините органи. Со пополнување на оваа пристапница ги прифаќам сите права и обврски кои согласно Статутот како член ми следуваат.

    Откако ќе ја пополните формата за членство, нашиот тим ќе ве контактира со сите дополнителни информации поврзани со членството во нашата асоцијација.