Верувај во
верификувани

За да избегнеш непотребно изложување на ризик при онлајн купување, побарај го Беџот за верификуван е-трговец на е-продавницата од каде што сакаш да купиш. Верификуваните е-трговци се регистрирани правни субјекти проверени од АЕТМ.

Беџ за верификуван е-трговец

Во дигиталната ера, е-трговците треба да изградат доверба кај е-купувачите.

Беџот за верификуван е-трговец е визуелна ознака која се поставува кај е-продавниците и им помага на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој во периодот на проверка пред издавање на беџот за верификација ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија согласно правилата предвидени со Правилникот за беџот на верификувани е-трговци.

Верификацијата служи како референтна точка за потрошувачите да ја одредат легитимноста на е-трговецот, но и како алатка за градење доверба.

Како да станеш верификуван е-трговец?

За да се добие Беџ за верификуван е-трговец, секој е-трговец треба да пополни кратка онлајн апликација за своето работење во е-трговија.
1

Поднеси апликација

Пополни кратка онлајн апликација во која ќе одговориш дали ги исполнуваш основните законски услови за работење во е-трговија.

2

Направи уплата

По поднесувањето на апликација потребно е да се изврши уплата. Истата може да се изврши со платежна картичка или фактура.

3

Проверка на апликацијата

По извршување на уплатата следува проверка, која ја прави АЕТМ согласно критериумите за добивање на Беџ.

4

Известување

Доколку ги исполнуваш сите критериуми ќе добиеш потврден email дека си Верификуван е-трговец и инструкции за поставување на Беџот. Доколку не исполнуваш некој критериум ќе добиеш email со корекции кои треба да се имплементираат на е-продавница, за да може да се стекне Беџот за верификуван е-трговец.

Верификувани е-трговци

Информирај се како да поднесеш поплака до соодветната надлежна институција

Кога потрошувачот има поплака од е-купувањето, прво треба да ја контактира е- продавницата. Е-продавницата треба да се погрижи за поплаката и да обезбеди решение. Ако е-продавницата и потрошувачот не можат да дојдат до решение, потрошувачот може да се обрати со пријавување на поплаката до надлежните органи.
Купувај од верификувани е-трговци

Задоволни корисници