Беџ за верификуван
е-трговец

Беџот е визуелна ознака која се поставува само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат, а во исто време ќе ги поминат соодветните проверки од АЕТСМ за неопходните регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Сѐ што треба да знаете за Беџот

Што претставува Беџот?

Беџот е визуелна ознака која се поставува на домашните е-продавници и која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект, проверен од АЕТСМ согласно Правилникот.

Критериуми за добивање на Беџ
Доколку е-трговецот е регистриран правен субјект и ги задоволува основните законски услови, ќе може да се стекне со Беџ, кој ќе му биде испратен за поставување на неговата веб продавница.
Кој може да се стекне со Беџ?

Со Беџ за верификуван е-трговец ќе може да се стекне секој е-трговец во С. Македонија кој самостојно ќе аплицира за ваков Беџ за верификација, а во исто време ќе изврши уплата и ќе ги помине соодветните проверки од АЕТСМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Зошто е важно да си верификуван е-трговец?
Верификацијата служи како референтна точка за потрошувачите да ја одредат легитимноста на е-трговецот, но и како алатка за градење доверба.

Како да станеш верификуван е-трговец?

За да се добие Беџ за верификуван е-трговец, секој е-трговец треба да пополни кратка онлајн апликација за своето работење во е-трговија.
1

Поднеси апликација

Пополни кратка онлајн апликација во која ќе одговориш дали ги исполнуваш основните законски услови за работење во е-трговија.

2

Направи уплата

По поднесувањето на апликација потребно е да се изврши уплата. Истата може да се изврши со платежна картичка или фактура.

3

Проверка на апликацијата

По извршување на уплатата следува проверка, која ја прави АЕТСМ согласно критериумите за добивање на Беџ.

4

Известување

Доколку ги исполнуваш сите критериуми ќе добиеш потврден email дека си Верификуван е-трговец и инструкции за поставување на Беџот. Доколку не исполнуваш некој критериум ќе добиеш email со корекции кои треба да се имплементираат на е-продавница, за да може да се стекне Беџот за верификуван е-трговец.

Бенефити

Бенефити за Е-трговци
Бенефити за Е-купувачи

Често Поставувани Прашања

Кога ќе го видиш Беџот за верификуван е-трговец на некоја е-продавницата, треба да знаеш дека е-трговецот:
  • Има објавено контакт информации, правен субјект, односно седиште / адреса / email односно електронска адреса на веб страницата на е-продавницата
  • Има објавен Единствен Даночен Број на компанијата на веб страницата
  • Има објавено Политика за приватност и Политика за заштита на лични податоци достапна за информирање на корисниците
  • Има објавено Услови за користење на веб страницата
  • Ги истакнува цените на производите/услугите кои се нудат (со вклучени даноци или други трошоци) Има објавено Политика за враќање на производите на веб страницата
  • Ги објавува сите трошоци на кои подлежи купувачот, вклучувајќи ги трошоците за доставата на производите
  • Прифаќа плаќање со платежна картичка
  • Го објавува рокот на испораката на производите
  • Ги објавува начините за подигнување / достава на производите
  • Ќе добиете потврда на email адреса за направена онлајн нарачка
Дознај повеќе

Сивата економија, позната и како неформална економија, се однесува на економски активности кои се случуваат надвор од законската рамка и често се карактеризираат со затајување на даноци, регулативи и заштита на трудот. Иако сивата економија може да изгледа корисна за некои поединци или бизниси на краток рок, таа генерално има негативни последици и импликации за бизнисите во е-трговијата и целокупната економија.

Решавањето на активностите во сивата економија е од клучно значење за обезбедување на здрав и одржлив екосистем за е-трговија.

Беџот за верификуван е-трговец е една од иницијацитивите на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ за справување со сивата економија во е-трговијата.

Дознај повеќе

Купувањето од верификувани е-трговци нуди комбинација од безбедност, заштита на потрошувачите, обезбедување на приватност на податоците, обезбедување квалитет и транспарентни деловни практики, што придонесува за посигурно и позитивно искуство за купување преку Интернет.

Решавањето на активностите во сивата економија е од клучно значење за обезбедување на здрав и одржлив екосистем за е-трговија.

Беџот за верификуван е-трговец е една од иницијацитивите на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – АЕТСМ за справување со сивата економија во е-трговијата.

АЕТСМ прави годишни случајни проверки на Верификуваните е-трговци. Оваа практика е со цел да се провери дали е-трговецот се придржува до условите со кои го добил Беџот.

Дознај повеќе

Регистар за верификувани е-трговци

Види ги сите верификувани е-трговци