Поднесете поплака или пријавете неправилности до надлежните институции

Но, пред да поднесете поплака, проверете ги следните неколку работи:

При купување онлајн, секогаш е потребно да се информирате дали е-продавницата од каде штој купувате е регистриран е-трговец во една од петте банки кои што нудат можност за онлајн плаќање во нашата земја.

Тоа можете да го направите со пребарување на е-продавницата на бесплатниот Регистар за регистрирани е-трговци, кој е дел од оваа платформа и е достапен на овој линк.

При купување онлајн, осигурајте се дека на е-продавницата се достапни контакт податоци како што се телефонски број, седиште или пак е-маил адреса од е-трговецот каде би можеле да се обратите доколку имате потреба за одредена информација, или пак проблем со вашата нарачка.

Во случај кога е-трговецот има имплементирано плаќање со картичка, најчесто станува збор за регистриран правен субјект во една од петте банки кои што нудат можност за онлајн плаќање во нашата земја. Затоа, практикувајте да купувате од е-трговци кои имаат имплементирано онлајн плаќање на нивните е-продавници.

По комплетирањето на вашата онлајн нарачка, на вашата е-маил адреса треба да добиете потврда за вашата нарачка.

Потврдата треба да ги содржи следниве информации:
✓ Број на нарачка
✓ Датум
✓ Информации за продавачот (назив, адреса, контакт)
✓ Назив на купениот производ/услуга
✓ Јасно и недвосмислено прикажана цена која се наплаќа.

** Преку оваа страница поплаки можат да се поднесат само доколку имате забележано неправилности во работењето од регистрирани е-трговци кои што овозможуваат е-плаќање од страна на петте банки во нашата држава. Во случај вашите нарачки да сте ги направиле од социјалните медиуми, поплаките не може да се евидентираат преку нашиот систем и за истите може да се обратите директно до надлежните институции.

Како да поднесете поплака

Разгледајте ги надлежните институции во продолжение и прочитајте до која релевантна институција треба да поднесете поплака

Одберете ја институцијата и стиснете на копчето „Поднеси поплака“

Ќе бидете пренасочени до соодветната институција до која сакате да поднесете поплака

При поплаката до институцијата детално опишете го проблемот во целост за негово побрзо и поефикасно решавање

По успешно поднесување на поплаката очекувајте одговор од соодветната надлежна институција која сте ја одбрале

Институции за поднесување на поплака

Агенција за пошти
За прашања поврзани со заштита на правата на корисниците на поштенски услуги.
Државен Пазарен Инспекторат 

За прашања поврзани со безбедност на производите, заштита на потрошувачите, заштита на правата од индустриска соспственост, како и други работи определени со закон.
Царинска управа на Република Северна Македонија
За прашања поврзани со неправилности при увоз / извоз на нарачка, фалсификат производи и проблеми со интелектуална сопственост.
МВР, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика
За прашања поврзани со интернет измами.
Управа за јавни приходи

За прашања поврзани со фискализација и ДДВ.
Организација на потрошувачите на Македонија 

За прашања поврзани со остварување на потрошувачките права и практикување на одговорна потрошувачка.
Агенција за заштита на личните податоци
За прашања поврзани со заштита на личните податоци и на вашите права.
Реакт Фондација

Реакт Фондација е наменета да ги поддржува активностите за заштита на сите носители на права, потрошувачите и владите против негативните последици од трговијата со фалсификувани производи.

Државeн санитарен и здравствен инспекторат 

За прашања поврзани со безбедноста на детските играчки, козметичките производи, средствата за одржување на хигиена и други предмети кои доаѓаат во контакт со кожа и слузници како и нивната амбалажа, во производство и промет, како и други прашања поврзани со заштитата на здравјето на населението.
Агенција за храна и ветеринарство
За прашања поврзани со вршење на стручна контрола на операторите со храна, храна за животни и други физички и правни лица, од областа на ветеринарното јавно здравство, анализи и извештаи и други работи во врска со јавното ветеринарно здравство.

Одбегнувајте купување преку социјални медиуми!

Плаќањето во готово, при онлајн купување, иако се чини навидум лесно, безбедно и едноставно, без сметка/потврда не е добро решение на долг рок, бидејќи на тој начин немате никаква потврда за извршено плаќање, гаранција или начин да се пожалите за евентуалниот лош квалитет на купениот производ или услуга и воедно и самите учествувате во „поткопување” на даночниот систем.

Борбата против сивата економија во е-трговијата (купувањето од нерегистрирани е-трговци ) треба да биде заеднички напор, бидејќи таа влијае врз намалување на даночните приходи и со тоа директно го намалува квалитетот на образованието, ја намалува нашата безбедност во староста – пензиите, безбедниот и функционален здравствен систем, можноста за капитални инвестиции во инфраструктурата како патишта итн.

На видеото во продолжение погледнете зошто не треба да купувате од нерегистрирани е-трговци, т.е. зошто не треба да сте дел од сивата економија.

За безбедно онлајн купување, купувајте само од регистрирани и верификувани е-трговци