Услови за користење

Последно обновено на  01.02.2024

Добредојдовте на веб страницата ecommerce.mk, управувана од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија.

Со користење на веб страницата, Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања, слободно обратете ни се.

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА

Асоцијација за е-трговија на Северна Македонија – AETСM ја поседува и менаџира веб страницата ecommerce.mk. Со употреба на оваа веб страница и нејзините услуги Вие (“Вие”, “Корисник” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така, се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на овој линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба со цел да сте во тек доколку истите претрпат измени.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВЕБ СТРАНИЦАТА И УСЛУГИТЕ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ ИСТАТА.

Овие услови се применуваат на сите содржини на веб-страницата ecommerce.mk


Мирослав Крлежа 14/1-1, 1000 Скопје


+389 78 58 44 48 

info@ecommerce.mk

www.ecommerce.mk

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Асоцијација за е-трговија на С. Македонија ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Асоцијација за е-трговија на С. Македонија е строго забрането. Прекршување на општите услови за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост. Асоцијација за е-трговија на С. Македонија може да ги промени овие услови во било кое време со ажурирање на овој документ. При користење на оваа платформа, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обрзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

 



1.1 При аплицирање за Беџот за верификуван е-трговец, корисникот ги споделува следните податоци:

  • Вашето име
  • Вашето презиме
  • Вашата компанија
  • Вашиот телефонски број
  • Вашиот е-маил
  • Вашата адреса (улица, град, држава, поштенски код)
  • Одговори на формата за аплиација за Беџ за верификуван е-трговец

     


1.2 При аплицирање за Членство во АЕТСМ, корисникот ги споделува следните податоци:

  • Правен назив на субјектот
  • Адреса
  • Телефон
  • Веб страна
  • ЕДБ
  • ЕМБС
  • Главна приходна шифра на дејност
  • Дејност на работење 
  • Краток опис на производите или услугите што ги нуди компаниајта
  • Број на вработени
  • Овластено лице кое ке ја застапува компанијата во АЕТСМ
  • E-mail за контакт

 


  1. ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето на услугата за членство во АЕТСМ или за Беџот за верификуван е-трговец се извршува според цените истакнати за време на нивно аплицирање. Цените се истакнати со ДДВ и важат за сите начини на плаќање, освен за оние услуги кои се ослобдени од ДДВ – како членство во АЕТСМ.

Покрај можноста за преземање на фактури со цел подмирување на Услугите на АЕТСМ преку банкарски трансфер, преку веб-страницата ecommerce.mk е овозможено плаќање со кредитнa или дебитнa платежнa картичкa, со можност за зачувување на картичката со цел овозможување самообновлива претплата.



2.1 Што е самообновлива претплата (recurring payment)?

Самообновливата претплата е вид на претплата (за услугите на АЕТСМ: членство и реобнова на Беџ за верификуван е-трговец) што Корисникот може да ја активира со платежна картичка и која автоматски се обновува секоја година со можност за откажување во секое време. 

Самообновливата претплата се активира на самата веб-страница ecommerce.mk во кошничката на Кориснкот (checkout), каде што на Корисникот му е овозможено да ја зачува својата платежна картичка со цел остварување на самообновлива преплата од една година која автоматски се продолжува за период од уште една година сѐ додека Корисникот или АЕТСМ не ја откаже претплатата. 

Доколку Корисникот сака да ја деактивира годишната самообновлива претплата, тоа може да го направи преку својата корисничка сметка на ecommerce.mk. По деактивирање, Корисникот се откажува од некоја од услугите за кои претходно се претплатил, но кои се сепак активни до нивниот датум на истекување.



2.2 Рефундација

Во случај на непосакувана реобнова на некоја од услугите на АЕТСМ, потрошувачот има право да поднесе барање за рефундација до АЕТСМ преку info@ecommerce.mk во рок од 15 дена од извршување на трансакцијата со платежна картичка.

 



 

  1. ВРСКИ (ЛИНКОВИ) КОН ДРУГИ ВЕБ ЛОКАЦИИ

Врските (линковите) на оваа веб-страница кон други локации (веб страни на трети страни) се поставени за промотивни цели и полесен преглед на содржините. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на трети страни кои не се поврзани со овој веб сајт, тоа го правите на сопствен ризик, односно Асоцијација за е-трговија на С. Македонија не е одговорна за било какви содржини и активности на трети страни.

 



 

  1. ПРИСТАП ДО САЈТОТ

Асоцијација за е-трговија на С. Македонија го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на АЕТСМ, и АЕТСМ не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. 

Иако цел на АЕТСМ е овој веб-сајт а да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на АЕТСМ, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Асоцијација за е-трговија на С. Македонија има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.