Нашата мисија е да креираме поволна околина за забрзан раст на е-трговијата.
Прв регистар кој ги опфаќа сите е-трговци кои се пријавени како регистрирани во една од петте банки кои нудат е-плаќање во нашата земја.
Беџот е визуелна ознака која се поставува на домашните е-продавници и која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект, проверен од АЕТСМ согласно Правилникот.
Ресурсен и информативен центар за клучните аспекти на е-трговијата во 7-те пазари на ЦЕФТА
Од основањето на АЕТСМ во декември 2017 година нашата мисија е да креираме иднина за раст и развој на е-трговијата во Република С. Македонија, особено поттикнувајќи ги инклузивните практики.
Со бројни партнерства воспоставени меѓу сите засегнати страни од екосистемот на е-трговијата и над 120 поддржувачи и компании кои се членови во АЕТСМ, активно работиме кон остварување на нашата мисија.
Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за секоја компанија која сака да расте, просперира и да оствари конкурентна вредност.
*Податоците се однесуваат за 01.01.2025-30.09.2025 година*
Е-трговијата денес се развива со забрзано темпо и со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни.
Ние знаеме дека од суштинско значење за професионалците, претприемачите, компаниите, организациите, институциите и ентузијастите е да поттикнуваме вредни врски и соработки, да учиме едни од други, да инспирираме и да ги креираме и применуваме иновациите во индустријата.