ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА Е-ТРГОВИЈА
Следејќи ги и учејќи од водечките конференции и настани за е-трговија во развиените земји, АЕТМ ја организираше првата конференција за е-трговија во 2018 година, која за кратко време прерасна во препознатлив настан за е-трговија во земјата и регионот, привлекувајќи учесници и од други земји.
Годишната конференција ги носи сите засегнати страни на едно место и обезбедува квалитетна програма и говорници со цел да го нагласи потенцијалот на е-трговијата во земјата, да се стреми да ги сруши бариерите кои го попречуваат нејзиниот раст, како и да зборува за потребите на брзорастечката индустрија. Темата, агендата и изборот на говорниците на конференцијата секоја година се креираат внимателно согласно потребите на пазарот, очекувањата на учесниците и актуелните трендови.
За успешноста на конференцијата говори сѐ поголемиот интерес за учество на конференцијата од година во година.
ДО СЕГА НА КОНФЕРЕНЦИИТЕ УЧЕСТВО ЗЕМАА ПОВЕЌЕ ОД:
ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДАА ГОДИШНИТЕ КОНФЕРЕНЦИИ НИЗ ГОДИНИТЕ
ГОДИШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НИЗ ФОТОГРАФИИ
РЕАЛИЗИРАНО СО ПОМОШ НА ПРИВАТЕН СЕКТОР

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Над 2.100 учесници, од над 650 компании, институции, невладини организации од С.Македонија и регионот. Над 100 експерти говорници од над 30 земји земаа учество на досегашните конференции