Регионална веб платформа – Ecommerce4all.eu

По успешно лансираната платформа Ecommerce4All.mk за македонскиот пазар, почнувајќи од ноември 2021 година Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ја развива и шири платформата регионално, правејќи ја достапна за пазарите од ЦЕФТА регионот, со поддршка регионалниот фонд за надворешна трговија – Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

АЕТМ во 2020 година ја лансираше платформата Ecommerce4all.mk која претставува центар со информации и ресурси за водење на бизнис со е-трговија за сите постојни и нови е-трговци во Северна Македонија. Платформата беше развиена како дел од проектот “Е-трговија за сите” поддржан од Проектот за развој на деловниот екосистем на УСАИД, а сега истата се проширува за сите пазари во ЦЕФТА регионот, односно за Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Молдавија, покрај Северна Македонија.

Преку имплементацијата на оваа регионална платформа, е-трговците од CEFTA регионот, кои планираат да ги прошират своите бизниси со е-трговија надвор од домашниот пазар во претстојните години, имаат на располагање унифицирана точка од каде ќе имаат можност ги обезбедат сите неопходни релевантни информации поврзани со
е-трговијата за сите пазари од регионот.

Зa ECOMMERCE4ALL.EU

Платформата ecommerce4all.eu претставува центар со ресурси и информации за клучните аспекти во е-трговија за сите членки на ЦЕФТА. Веб платформата се состои од релеватни податоци и ресурси за е-трговијата за ЦЕФТА регионот, вклучувајќи основни податоци за е-трговијата, интерактивни графици и податоци за за развојот на пазарот на е-трговија во ЦЕФТА, како и податоци за клучните аспекти на водење бизнис во
е-трговија.

Податоците за клучните аспекти на водење бизнис во е-трговија се структурирани во пет модули

Секој од овие модули содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации. Првиот модул ја презентира состојбата на
е-трговијата преку статистика и податоци за развојот на пазарот на е-трговија (интерактивни графикони за состојбата на е-трговијата во секој пазар и споредби на пр. на е-купувачи, платежни картички, дигитални вештини, UNCTAD B2C индекс за подготвеност за е-трговија и други релевантни податоци на Еуростат). Сите податоци се достапни и на локалниот јазик на секоја од ЦЕФТА членките и на англиски јазик.

Веб платформата може да им служи на сите компании локално за водење бизнис со е-трговија во нивниот пазар, но уште поважно може да им служи при нивните планови за ширење во другите пазари во ЦЕФТА.

Процесот на имплементација на проектот

Проектот “Регионална платформа Е-трговија за сите” ќе се имплементира во три фази, каде што во секоја фаза ќе се развиваат различни модули од веб платформата. Развојот на модулите е прилагоден на секоја од 7-те членки на ЦЕФТА во зависност од ресурсите и можностите за реализација на секој модул. Модулите ќе бидат развивани и лансирани во соработка со локални партнери од сите пазари во CEFTA. Официјалниот почеток на заедничката регионална соработка помеѓу асоцијациите и останатите организации од ЦЕФТА регионот поврзана со овој проект започна со регионалниот состанок кој се оддржа на 7 март 2022 година и кој е прв регионален состанок на помеѓу Асоцијациите за е-трговија и Организациите од сродните индустрии од ЦЕФТА регионот досега.
МОДУЛИТЕ ЌЕ БИДАТ РАЗВИВАНИ И ЛАНСИРАНИ ВО СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНИ ПАРТНЕРИ ОД СИТЕ ПАЗАРИ ВО CEFTA

Развојот на регионалната веб платформа за е-трговија “Е-трговија за сите” (Ecommerce4all.eu) се реализира со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ.