Новости од е-трговија

Zalando официјално започнa со работа во Бугарија

Германската платформа за мода и lifestyle Zalando официјално започна со работа во Бугарија, со што земјата станува 28-от пазар на кој компанијата е присутна.

Бугарските потрошувачи сега имаат пристап до повеќе од 200.000 производи во категории како спортска мода, streetwear, додатоци и дизајнерски производи. На платформата се достапни меѓународни брендови како Nike, Adidas и New Balance.

Компанијата ќе нуди и услуги за достава и корисничка поддршка приспособени на локалниот пазар, вклучително и бесплатно враќање на нарачките.

„Исклучително сме возбудени што ги пречекуваме бугарските потрошувачи во светот на Zalando. Нашата цел е да им понудиме најдобар можен избор на брендови, заедно со грижата за задоволството на клиентите по која е препознатлив Zalando“, изјави Александра Адриан, претставник на компанијата за Бугарија.

Александра Адријан, преставник на Заландо за Бугарија | Извор: Zalando, money.bg

Бугарија е 28-от пазар на Zalando

Влегувањето на бугарскиот пазар е дел од пошироката европска експанзија на Zalando. Компанијата посочува дека нејзиното присуство во Бугарија може да создаде нови можности и за локалните модни компании кои сакаат пристап до потрошувачи на други европски пазари.

„Нашето влегување во Бугарија – 28-от пазар на кој Zalando е присутен – не е само проширување на нашиот опсег. Тоа е инвестиција во иднината на европската мода“, изјави Адриан.

Zalando е со седиште во Берлин и развива технолошка платформа која ги поврзува потрошувачите со модни и lifestyle брендови низ Европа.

Извор:money.bg

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.