
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), како национален партнер во рамки на европската програма Consumer Law Ready (CLR), организира бесплатна еднодневна онлајн обука наменета за претставници на мали и средни претпријатија.
Обуката ќе се одржи на 2 септември 2026 година, од 10:00 до 16:00 часот, преку платформата ZOOM и ќе биде реализирана на македонски јазик.
Што ќе опфати обуката?
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со клучните аспекти на потрошувачкото право и правилата за заштита на потрошувачите, преку седум тематски модули:
- Преддоговорни информации и правата на потрошувачите
- Право на повлекување од договорите на далечина и договорите вон деловните простории
- Правна заштита при неусогласеност на производите со договорот
- Нечесни трговски практики и нечесни договорни одредби
- Алтернативно решавање на потрошувачки спорови (ADR)
- Продажба на стоки и услуги преку онлајн платформи
- Безбедност на производите
Програмата е особено релевантна за компаниите што продаваат преку интернет, бидејќи опфаќа практични аспекти поврзани со односот со потрошувачите и усогласеноста на деловните практики со европските стандарди.
Сертификати
По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат за учество. Дополнително, ќе имаат можност да се стекнат и со сертификат за постигнување во областа на потрошувачкото право, преку успешно полагање на тест поврзан со програмата.
Од секоја заинтересирана компанија може да учествува еден претставник.
Како да се пријавите?
Пријавувањето е отворено до 1 септември 2026 година и може да се направи преку овој линк.
Повеќе детали за обуката се достапни на: https://opm.org.mk/javen-povik-za-uchestvo-na-obuka-za-consumer-law-ready-za-mali-i-sredni-pretprijatija-msp/
По регистрацијата, пријавените учесници ќе добијат линк за пристап до обуката на е-поштата наведена при пријавувањето.
За дополнителни информации: opm@opm.org.mk или 070 683 925.
Consumer Law Ready е европска програма финансирана од Европската комисија, чија цел е да им помогне на малите и средни претпријатија подобро да ги разберат и применуваат правилата за заштита на потрошувачите, да ја подобрат усогласеноста со законите и да изградат поголема доверба кај своите клиенти.