Шест придобивки од отворање на ваша е-продавница

За многу луѓе во светот, е-трговијата станува еден од најпосакуваните начини на купување токму поради нејзината едноставност и практичност. Купувачите немаат никакви ограничувања,  ним им е дозволено да купуваат производи или услуги од удобноста на својот дом во секое време од денот или ноќта. При е-трговијата, достапни се опции за купување кои се брзи, практични и лесни за корисниците. Токму поради овие причини, потрошувачите можат да заштедат многу време, како и пари, со тоа што лесно ги пребаруваат посакуваните производи при купувањето преку Интернет. Па токму поради тоа, да разгледаме неколку придобивки кои ги Ви служат и на вас, и на вашите клиенти со отварање на онлајн продавница:

1.Информации за навиките при купување на потрошувачите

Како е-трговец, можете многу едноставно да обрнете внимание на интересите и навиките за купување на потрошувачите со помош на аналитика, и подоцна да ги искористите тие информации со цел прилагодување на вашата понуда за нивните потреби. Со постојано излегување во пресрет на интересите на купувачите, можете континуирано да го подобрувате вашиот однос со нив, и да градите долготрајни врски поради кои тие постојано ќе се враќаат во вашата е-продавница.

2. Едноставност при започнување на е-бизнис

За ефективни деловни трансакции, е-трговијата е ефикасен и компетентен метод. Цената и бројот на лиценците кои ви се потребни за започнување на вашата е-продавница се исклучително ниски во споредба со проширувањето на вашиот бизнис на физичка локација. Можете да заштедите многу пари со користење помалку вработени за извршување операции како наплата на клиенти и управување со залихи, бидејќи сите тие процеси се претвораат во дигитални.

3. Продажба на производи и услуги низ целиот свет

Доколку вашиот бизнис се основа само на физичка продавница, тоа го ограничува во географската област која може да ја услужува. Од друга страна, имањето е-продавница Ви овозможува да ги продавате вашите производи и услуги без никакви географски граници, додека во исто време, го експонира вашиот бренд на нови пазари.

4. Вашата е-продавница е отворена 24/7

Една од најважните придобивки во кои можат да уживаат и е-трговците и купувачите, е дваесет и четири часовното работење на е-продавниците. Предноста е голема за купувачите, бидејќи тие можат да купуваат производи кога сакаат, без разлика дали е рано наутро или полноќ. Оваа предност се истакнува и кај е-трговците поради зголемување на продажбата и бројот на нарачки како резултат на нивното неограничено работење.

5. Финансиски бенефит 

Не мора да ги вложувате парите во физичка локација, осигурување или инфраструктура. Сè што ви треба е добра идеја, уникатни производи и добро дизајнирана веб-страница за да стигнете до вашите драги клиенти со цел да започнете со продажба на вашите производи и услуги.

6. Понуда на голем број информации

Една од најголемите придобивки при е-трговијата за клиентите е дека тие можат да добијат голем број на информации за производот или услугата која ги интересира. Е-продавниците ви овозможуваат да понудите дополнителни информации на своите клиенти на многу едноставен начин што вам навистина ви оди во прилог. Што повеќе е информиран еден купувач, толку е поголема шансата да направи check out со полна кошничка од вашата е-продавница.