[Студија на случај] Зошто Trustmark беџовите се важни за е-трговијата?

Како дел од нивната анализа на веб-сајтови за е-трговија, дигиталната маркетинг агенција Inflow повеќе од една деценија постојано тестира различни Trustmark badges од неколку компании. Двата беџови кои се претставија најдобро на нивните тестови во 2018 година биле Norton и McAfee. Во овој пост, тие откриваат бренд што влијаел на постигнување повеќе конверзии од Norton и McAfee според нивното тестирање на беџови за доверба во 2019 година.

Ова води кон прашањето:

Која е најдобар Trustmark беџ за е-трговија?

Inflow ги тестирале Тrustmark беџовите на Norton и McAfee наспроти TrustedSite на неколку големи е-продавници на нивните клиенти. Тие тестови постојано доведувале до заклучок дека TrustedSite е беџот за доверба што ги зголемува конверзиите на тие е-продавници.

Додека беџовите поставени на е-продавниците не се единствениот фактор кога станува збор за доверба (или оптимизација или продажба), тие забележале дека стапката на конверзија на веб-страниците за е-трговија на нивните клиенти се подобрува кога беџот е постојано присутен додека еден е-купувач поминува време на една е-продавница. Со други зборови, важно е да се прикаже ознаката за доверба при секој дел на веб-сајтот – вклучително и почетната страница, кој било landing page, кошничката, како и за време на checkout.

Споредбата на Inflow на беџови за доверба во 2018 година

Во 2018 година, Inflow тестирале целосен сет на широко користени беџови за доверба на веб-страниците за е-трговија на нивните клиенти.

Тестовите ги вклучиле:

McAfee SECURE
Norton Secure
Authorize.net
TrustGuard
Trustwave
GeoTrust
BizRate
BBB (Better Business Bureau)

Што откриле Inflow: Од тие тестови, откриле дека неколку од овие широко користени беџови за безбедност ги намалиле конверзиите, додека некои воопшто не влијаеле на конверзиите. Во меѓувреме, беџовите за доверба „McAfee SECURE“ и „Norton Secured“ убедливо ја зголемиле продажбата за веб-страниците на нивните клиенти.

McAfee vs Norton

Во нивните тестови на беџовите за доверба McAfee и Norton, беџот за доверба на McAfee имал поголема веројатност да ги зголеми конверзиите отколку Norton секој пат – барем засега.

Доверба е нешто на што Inflow препорачуваат продавниците за е-трговија да работат постојано. Она што денес функционира за градење доверба, можеби нема да функционира и подоцна. Единствениот доказ за тоа да се дознае е преку тестирање.

McAfee vs Norton vs TrustedSite

Имајќи го ова предвид, Inflow ги тестирале безбедносните беџови на Norton и McAfee наспроти TrustedSite (двата најдобри беџови наспроти беџ кој претходно не бил тестиран).

На четирите e-продавници на кои ги тестирале овие беџови, TrustedSite постојано прикажувал зголемување на конверзии наспрема Norton и McAfee.

Подолу се дадени резултатите од четирите тестови, проследени со резиме на она што ова тестирање ги научило Inflow за довербата која денес има огромно влијание во е-трговијата.

Тест 1: Е-продавница за замрзната храна

За овој тест и другите е-продавници што ги тестирале, она што било константа е поставеноста на беџот на TrustedSite што ‘лебди’ во долниот лев дел на страниците од е-продавницата. Беџот за доверба се појавува на: почетната страница, страниците на категориите, страниците на производите, страната на количката, како и на checkout страницата.

Mountain House's homepage has a TrustedSite security badge on the bottom left.

Резултати: Беџот TrustedSite придонел за 26,9% покачување на стапката на конверзија со доверба од 95%.

Тестовите подолу го споредуваат TrustedSite со McAfee и / или Norton

Тест број 2: Е-продавницата на Burt’s Bees

Овој тест бил ексклузивен само за McAfee vs. TrustedSite бидејќи нивната контрола бил постоечкиот беџ на McAfee. Целосниот тест се состоел од:

  • Контрола: Постоечки беџ McAfee
  • Варијација 1: Заменување на сите постоечки беџови на McAfee со беџови на TrustedSite
  • Варијација 2: Без беџови што ‘лебдат’ (што не се присутни константно за купувачот да ги гледа), заменување на беџовите кај кошничката и checkout со беџови на TrustedSite
  • Варијација 3: Беџ trustmark беџ

Burt's Bees saw an increase in conversions by switching their trust seal to TrustedSite.

Резултати: Победник била варијацијата 1: заменувањето на сите постојни беџови на McAfee со беџот на TrustedSite резултирало со зголемување на стапката на конверзија од 8,72% со доверба од 93%.

Заклучок: Сите варијации на TrustedSite ја надминаа првата варијација. Плус, сите варијации кај кои беа присутни беџови за доверба, TrustedSite и McAfee, ги надминаа варијациите што немаа беџови за доверба.

Со сигурност можеме да кажеме дека за Burtsbees.com, посетителите претпочитаат да гледаат беџ за доверба и TrustedSite влева поголема доверба во оваа публика отколку McAfee.

Тест број 3: Е-продавница за авто-додатоци

Carcovers.com претходно го тестирал Norton против McAfee на нивната веб-страница. Norton предизвикал повеќе конверзии од McAfee на минатиот тест. На новиот тест за CarCovers.com се споредуваат TrustedSite vs Norton.

Car Covers saw an increase in conversions by switching their trust seal to TrustedSite.

Резултати: TrustedSite резултирал со 2,6% зголемување на стапката на конверзија со 80% доверба.

Заклучок: Дури и мало зголемување на стапката на конверзија може да донесе голема рентабилност од потребното тестирање со цел да може спроведе. Иако може да изгледа како промена за која ви треба минута, тестирање нешто мало како беџ за доверба и добивање на зголемување на конверзии за 2,6%, сепак помага за секој бизнис.

Тест број 4: E-продавница за заштита на идентитетот

Од овие тестови, публиката за IDShield.com дава најмногу информации кога станува збор за довербата кај онлајн продавачите.

Причината е: ID Shield е услуга за заштита на идентитетот и повеќето од нивните потенцијални клиенти би биле загрижени за нивната безбедност на Интернет.

ID Shield saw an increase in conversions by switching their trust seal to TrustedSite.

Резултати: За IDShield.com, TrustedSite победи наспроти McAfee со пораст во конверзиите од 50,5% со 95% доверба.

Заклучок: Можеби е тешко да се одреди зошто посетителите на една е-продавница можеби претпочитаат да гледаат беџ на TrustedSite наспроти McAfee. Сепак, преку тестирање, Inflow со сигурност потврдуваат дека тоа е случај за оваа конкретна публика.

Зошто беџовите за доверба се важни за е-трговијата

Постојат четири големи чекори што Inflow ги заклучиле за довербата:

  1. Потрошувачите претпочитаат да купуваат од брендови на кои им веруваат
  2. Доверба не се состои само од безбедноста и личните информации на Интернет
  3. Различни беџови за доверба имаат различни нивоа на доверба кај потрошувачите
  4. Најдобриот беџ за доверба за е-трговија се открива преку тестирања

Потрошувачите претпочитаат да купуваат од брендови на кои им веруваат

Напредокот при создавање на е-бизнис и достапноста на е-продавниците е драматично зголемен, предизвикувајќи потрошувачите да бидат експоненцијално преплавени со повеќе понуди, е-пошта и веб-страници со кои тие не се запознаени.

Во меѓувреме, најголемите светски корпорации редовно се вклучени во  прекршувања на правилата за податоците и личните информации на нивните клиенти.

Загриженоста за довербата денес се однесува на искуството и гледиштето на посетителот, а не само на брендот и неговото ниво на поставување со посетителот.

Земете ги на пример Burt’s Bees – голем, добро познат бренд која забележа значително зголемување на конверзиите при поставување на беџ за доверба. Брендовите имаат тенденција да зборуваат на нивото на доверба на производот, а не за искуството за купување преку Интернет во нивната продавница за е-трговија.

Доверба не се состои само од безбедноста и личните информации на Интернет

Ризиците се променија. Единтвено нешто што порано се сметаше како ризик при онлајн купување беше безбедноста на страницата, а сега премина во перформансите на е-трговијата, избегнување измама, деловни практики, соодветна испорака и заштита на податоците на клиентите.

Довербата се шири од безбедност во:

  • Доверба во бизнисот
  • Доверба во производот
  • Исполнување на нарачката
  • Заштита на идентитетот

Врз основа на резултатите од тестовите и перформансите на Inflow, сè уште постои реална потреба од беџови за доверба.

На пример, системот на беџови за доверба на TrustedSite се однесува и на безбедноста (скенирање на малициозен софтвер, вируси и валидни SSL сертификати) и на доверба (верификувани информации за бизнисот, заштита на идентитетот на купувачи и нарачки без проблеми). Ваков сеопфатен знак за доверба има за цел да им олесни на потрошувачите во секој чекор од искуството со онлајн купување.

Различни беџови за доверба имаат различни нивоа на доверба кај потрошувачите

Тестовите на Inflow покажаа дека дури и ако безбедноста не е врвен приоритет на клиентите ги внесуваат информациите за своите платежни картички на страницата за наплата, тие сепак позадински размислуваат околу тоа.

Овој заклучок на Inflow доаѓа од тоа што:

  • Стапката на конверзија била помала кај контролните тестови што ги извршиле кај е-продавниците без прикажан беџ за доверба
  • Беџови од помалку познати безбедносни брендови на Интернет можат да ги намалат стапките на конверзија
  • Беџови за доверба од брендови кои се повеќе познати имаат поголема веројатност да ги зголемат конверзиите

Тестирањето е врвен доказ за загриженоста на клиентите. Препораката од Inflow е дека е-продавниците треба да бидат отворени за тестирање на повеќе познати и широко користени беџови за доверба, како што се TrustedSite, McAfee и Norton бидејќи потрошувачите се повеќе запознаени со нив и заштитата која ја нудат.

Најдобриот беџ за доверба за е-трговија се открива преку тестирања

Она што е незгодно во врска со довербата е тоа што таа се формира поинаку за секој бренд во е-трговијата, како и за секоја различна публика. Споредувајќи ги беџовите за доверба, Inflow заклучуваат дека различните беџови се разликуваат во нивниот ефект врз стапките на конверзија во е-трговијата.

Градењето кон поголема доверба кај клиентите е нешто за што постојано се учи и работи, затоа што секоја е-продавница и бренд е уникатна.

Потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници, станува се поголема во време кога е-трговијата е во подем и луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн во нашата земја.

Со цел да се доближат до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи и правила за работење во е-трговијата и да се мотивираат постоечките е-трговци да ги имплементираат во своето работење, AETM воведе „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните законски услови по наоѓање на АЕТМ и согласно правилата предвидени со овој Правилник од останатите онлајн продавници кои не ги исполнуваат основните законски услови или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. За беџот можете да аплицирате на овој линк.

Извор: Inflow