Ако мислите дека WhatsApp е исклучиво за секојдневни разговори со пријатели, размислете повторно. WhatsApp за бизнис има сериозна привлечност – над 175 милиони луѓе испраќаат порака на некој WhatsApp Business секој ден.
За време на годишната F8 Refresh конференција на Facebook, шефот на бизнис производите на WhatsApp, Аџит Варма, сподели како платформата се развива како customer service алатка, како и алатка за продажба.
Како работи WhatsApp за бизнис?
WhatsApp е messenger алатка што првенствено се користи за пријатели и семејни разговори.
Сепак, WhatsApp може да се користи и за деловно работење.
Со WhatsApp for Business API, брендовите можат да го користат WhatsApp како нивна база за customer service разговори, навремени известувања и препораки за производи.
Бидејќи апликацијата е едноставна и позната за повеќето корисници, таа е лесна платформа за пристап и контакт со клиенти.
Со WhatsApp for Business API, брендовите можат да имаат корист од автоматизирани одговори на вообичаени прашања (слично како chat bots на Facebook Messenger) и да обезбедуваат услуги за клиенти.
Плус, еволуцијата на WhatsApp Pay – опција за плаќање во самиот чет што им овозможува на корисниците да вршат трансакции – отвора цела низа можности за интегрирана е-трговија на платформата.
На пример, кога корисник контактира бизнис за да праша за одреден производ или услуга, брендовите можат да дадат препораки на WhatsApp.
Со WhatsApp Pay, корисниците наскоро ќе може да купат производ директно во рамките на апликацијата – рационализирање на процесот на end-to-end купување.
Конференцијата на Facebook, F8 2021: Нови WhatsApp Business features
За време на годишната конференција на Facebook – F8, раководителот на бизнис производи на WhatsApp, Аџит Варма, објави неколку големи надградби на WhatsApp Business API:
- Навремени известувања
- Нови формати на пораки
- Add to Cart
- Блокирање / пријавување на бизнис
Навремени известувања
Бизнисите наскоро ќе можат да испраќаат навремени известувања и ажурирања до клиентите на WhatsApp, „за да ги известат луѓето кога некој производ е повторно на залиха, на пример“.
Овие може да бидат и информативни ажурирања, потсетници за закажување термин или најнови зделки за производи.
Нови формати на пораки
Варма исто така сподели планови за воведување нови формати на пораки за да им помогне на бизнисите да ги насочат разговорите, да ги решат проблемите и да предизвикаат конверзии.
Првиот од форматите е ‘list messages’, што им овозможува на брендовите да презентираат мени до 10 опции од кои клиентите можат да бираат.
Ова значи дека клиентите повеќе не треба сами да пишуваат одговор, значително намалувајќи ја бариерата за влез.
Следно, reply buttons – нов формат што им овозможува на луѓето да направат избор од најмногу три опции со еден брз клик.
Брендовите можат да ја прилагодат својата листа и опциите за одговор преку нивната корисничка сметка на WhatsApp Business API.
Аdd to cart
Можеби најзначајно, Варма сподели неколку големи додатоци за е-трговија на WhatsApp Business API.
Клиентите сега ќе можат да „Додаваат во кошничка“ во рамките на WhatsApp – и наскоро ќе можат да вршат плаќања директно во рамките на апликацијата.
„Ние градиме нови алатки за да овозможиме end-to-end купување преку WhatsApp“, рече Варма. „Овие карактеристики ќе овозможат побогато шопинг искуство“.
Блокирање / пријавување на бизнис
Заедно со приливот на нови функции, Варма сподели дека компанијата истражува начини да модерира како функционираат бизнисите на WhatsApp.
Освен што ограничува колку пораки може да испраќа еден бренд и ги следи мерилата за „вредноста“, WhatsApp воведува и начини на кои корисниците можат да блокираат или пријавуваат бизнис.
Корисниците ќе можат да дадат причина за нивната одлука, што WhatsApp ќе ја сподели како повратна информација за бизнисите, објасни Варма.
Овие нови карактеристики го прават WhatsApp Business AРI привлечен избор за брендовите кои сакаат да го eволвираат своето искуство со клиентите.
„Ние градиме платформа што ви овозможува да бидете креативни и да произлезете со идеи што добро се вклопуваат во конверзии и да се приклучите на огромниот ‘reach’ на WhatsApp“, сподели Варма.
„Ќе има многу успешни компании изградени целосно на WhatsApp“.
Извор: Later