АЕТМ го организира првиот виртуелен хакатон посветен на сивата економија: „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“

Согласно Извештаите од анализа на е-трговија во Република Северна Македонија, 2018 и 2020 година, една од главните мапирани бариери за раст на бизнисите во е-трговијата е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистрираните компании. 

Според анализата на прашалникот спроведен во 2020 година од АЕТМ на 2.800 е-купувачи, над 70% од купувачите свесно учествуваат во сивата економија што е загрижувачки податок. За адресирање на ниското ниво на даночен морал, дигитални вештини и свест за штетните последници од сивата економија потребен е холистичен пристап и вклученост на сите засегнати страни.

АETM се стреми да придонесе за раст и развој на е-трговијата, а сивата економија е пречка за развојот. Затоа преземаме бројни активности за нејзино намалување, меѓу кои и организацијата на овој хакатон.

Хакатонот „Хакирај ја сивата економија во е-трговијата” ќе се организира виртуелно, во времетраење од 48 часа, во соработка со Економскиот Факултет-Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.  Тимовите составени од студенти ќе креираат солуции за намалување на сивата економија, а најдобрите идеи ќе бидат наградени за да ги реализираат нивните победенички солуции.

📆 14.05. – 16.05.2021
📍 via Zoom & Discord

На хакатонот ќе учествуваат 10 до 15 интердисциплинарни студентски тимови, составени од најмногу 5 студенти по тим, од ФИНКИ и Економски Факултет – Скопје. Студентите ќе се пријавуваат преку апликација како тим или индивидувално по што ќе бидат приклучени во тим.

За времетаење на хакатонот повеќе од 10 ментори од приватниот и невладиниот сектор со релевантно искусто ќе го фасилитираат процесот на развивање на решенијата.

Комисијата за евалуација составена од претставници од ФИНКИ и Економскиот факултет, АЕТМ и пртеставници од приватниот сектор ќе ги оценува решенијата за избор на победничките. За победничките решенија обезбеден е награден фонд од вкупно 3000ЕУР за понатамошен развој на идеите. 

Предизвиците заедно со сите останати детали за пријавување се објавени на официјалната веб страница на хакатонот: https://hackathon.ecommerce.mk/