Новости од е-трговија

Се одржа #5 Learn-a-thon “Growth Hacking & KPI Driven Marketing”

Како дел од серијалот едукативни обуки, на 09.02 и 10.02 го реализиравме последниот од петте Learn-a-thon тренинзи на тема “Growth Hacking & KPI Driven Marketing” во соработка со SEDC и NewMediaMK. Овој тренинг се одржа во рамки на иницијативата Ecommerce4ALL која се реализира со помош на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

На овој едукативен тренинг земаа учество 35 учесници. Тие во текот на двата дена заедно со предавачите го разгледаа growth hacking како дел од маркетинг еко-системот и се фокусираа на практични примери за мерење на маркетинг кампањите и користење на податоците за реализација на успешни конверзии преку performance based marketing.

Во текот на првиот ден од обуката кој го предводеше специјалистот за дигитален маркетинг во SEDC Игор Димковски, учесниците се запознаа со општиот дел на growth hacking т.е како тој всушност претставува спој на огромен број на техники за раст. Беа разработени методите преку кои може да се започне со growth hacking (собирање на податоци, мерење на резултати и feedback од клиентите), и како вовед за вториот ден се спомна употребата на Google Analytics и Google Ads и важноста на мапирање на патот на корисникот до продуктот на еден бизнис.

Growth-hacking со специјалистот за дигитален маркетинг во SEDC, Игор Димковски
Growth-hacking со специјалистот за дигитален маркетинг во SEDC, Игор Димковски

Учесниците земаа активно учество во дискусиите преку кои беа разгледани проблемите со кои се соочуваат нивните бизниси кога станува збор за мерење на нивните маркетинг активности и кампањи, и за тоа како да дојдат до успешни резултати.

Вториот ден од обуката го предводеше основачот на NewMediaMK Дарко Булдиоски кој навлезе подлабоко во проблематиката на performance based marketing и за самите индикатори на успешност  (KPI’s).

Performance based marketing со основачот на NewMediaMK, Дарко Булдиоски

 

Преку интерактивна дискусија помеѓу предавачот и учесниците, предавањето започна со потенцирање на важноста на дефинирање на маркетинг и бизнис целите на една компанија. Се навлезе во проблематиката на процесот на lead-generation и стратегиите кои се дел од него како што е content & email marketing, ads, блогови, маркетингот преку социјални мрежи и слично. Се дискутираше за главните елементи на еден landing page, каде што учесниците имаа шанса да ги продискутираат landing pages на своите компании. Во последниот сегмент од предавањето се опфати суштината на Google Analytics и трите најважни работи за истиот: поставување на цели, UTM tagging и улогата на каналите во конверзијата.