Новости од е-трговија

Претседателката на АЕТМ – Нина Ангеловска ја објавува својата прва книга „Ништо случајно”

Нина Ангеловска Станков ја објавува својата прва книга „Ништо случајно” со поднаслов „кога подготвеноста ги среќава предизвиците”, издадена од Издавачки центар ТРИ.

Во книгата, Ангеловска за првпат отворено и лично пишува за патот зад јавната слика – од градењето бизнис од нула и развојот на македонската е-трговија, до предизвиците на лидерството и носењето одлуки на највисоко ниво во државата, до личните дилеми, мајчинството, пресвртите и животните лекции што ретко се гледаат однадвор.

– „Никогаш не мислев дека ќе напишам книга. Исто како што никогаш не мислев дека ќе основам компанија, ќе станам министерка или дека ќе направам егзит. Но  ништо од тоа не беше по случајност. По многу години живеење во пребрзо темпо и постојана продуктивност, пишувањето на оваа книга беше моја дозвола да застанам, да се присеќавам и да раскажам.” – вели Ангеловска Станков

„Ништо случајно” е искрено и лично сведоштво за патот кој не бил однапред јасен — но не бил ни случаен. За изборите што не секогаш биле дел од планот, за прифаќањето предизвици и за подготвеноста да се каже „да“ кога животот ќе понуди нова можност.

Од денес книгата е достапна во претпродажба на kniga.mk. Читателите кои ќе ја нарачаат во период на претпродажба ќе ја добијат книгата пред официјалното пуштање во продажба, со посвета од авторката. 

Книгата е наменета за широка публика – за претприемачи кои градат и се соочуваат со неизвесност, за лидери кои балансираат меѓу резултати и луѓе, за жени кои жонглираат со повеќе улоги истовремено, и за секој кој сака да прочита инспиративна лична приказна или кој некогаш се прашал дали патот кој го следи е вистинскиот.

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.