Серијал студии на случај – #2 ЈП Водовод и канализација: Трикратен пораст во онлајн наплатата на сметки по започнувањето на КОВИД-19

Основна дејност на Ј.П. „Водовод и канализација“ Скопје е собирање, пречиствување и дистрибуција на вода за пиење како и одведување на урбани отпадни води, обезбедување на здраствено исправна вода за пиење неопходна за животот на граѓаните и воопшто за функционирање и развој на Град Скопје. ЈП Водовод и канализација е основана во 1992 годинаи и има 1.243 вработени. Канали за плаќање на сметките достапни на потрошувачите се: онлајн преку веб страната или мобилната апликација за Android и IOS, шалтерска наплата (Централа и пункт Сарај), самоуслужувачки уреди на 3 локации, како и плаќање преку банка (траен налог, шалтер, електронско банкарство).

Стефан Вангелски, Советник на директор за финансиски прашања во ЈП Водовод и канализација, објаснува за растот во онлајн наплатата како резултат на COVID-19 „Онлајн наплатата на сметки е започната од март 2012 година. Константно онлајн наплатата бележи раст, но по започнувањето на COVID-19 кризата наплатата се зголеми за речиси 3 пати. Од пред 2 години се овоможи и системот „Плати брзо” што им овозможува на клиентите без креиран профил да ја платат сметката за помалку од 10 секунди. Компанијата има 47.149 корисници, регистрирани за плаќање онлајн сметки.”

За влијанието уредбата со која се овозможи олеснето префрлање на корисниците од печатена фактура кон е-фактура на онлајн наплатата вели дека влијаела позитивно но дека е потребна поголема свесност кај корисниците.

„Сепак голем дел од корисниците сакаат да имаат хартиена сметка за полесна евиденција, печат дека е платена, групно плаќање одеднаш и сл…“

За придобивките од силната посветеност на ЈП Водовод и Канализација изминатиот период кон кревање на свеста за дигитализијацијата и користење онлајн услуги, Стефан Вангелески вели: „ЈП Водовод и канализација Скопје изминативе години силно се посвети да ги овозможи сите канали за наплата на сметки со посебен акцент на дигитализација и заштита на животната средина. Веб страната ја прилагоди на потребите на корисниците, да можат онлајн да ја плаќаат сметката, да внесуваат состојба на водомер (да се избегнат чести посети од инкасатори), да пријават дефект, да бидат известени за навремени интервенции од страна на компанијата. Истото го прилагодивме и на мобилната апликација за Android и IOS која исто така значително се користи од корисниците со истите функционалности.

Со воспоставување на системот за „Плати брзо” им се овозможи на кориснциите без регистриран профил (најчесто кираџии, роднини и сл.) да ги платат сметките за помалку од 10 секунди. Електронската достава и наплата на сметки ни овозможи значителен број на корисници кои не ги оптеретуваат шалтерите во банките и во компанијата, поголема транспарентност и значително подобрена наплата и ликвидност на компанијата“.

Ако секоја година од 2016 до 2019 година растот на бројот и вредноста на трансакциите во однос на претходната година ист месец растел просечно со 40%, во месец октомври 2020 година спрема октомври 2019 година тој раст на бројот на трансакции изнесува 145%, а на вредноста на трансакциите 177%.

Извор: Извадок од извештајот од анализата на е-трговијата во Република Северна Македонија – 2020: Интервју со Стефан Вангелски, Советник на директор за финансиски прашања @ JП Водовод и канализација