Вистински луѓе со вистинско искуство. Тоа се оние луѓе од кои сите сакаме да слушнеме кога одлучуваме дали да ги внесеме или не информациите за нашата кредитна картичка на некоја е-продавница за да купиме нов производ или услуга.
Еден бизнис може постојано да размислува и зборува за тоа колку смета дека неговата иновација е одлична, но да бидеме искрени: ние сме пристрасни. Ние го знаеме ова и нашите потенцијални купувачи го знаат ова.
Она што е потребно е непристрасен придонес од луѓе кои се надвор од вашиот бизнис со цел да ги поткрепите вашите тврдења. На крајот на денот, клиентите не стануваат повторно клиенти поради нешто што го прави вашиот производ поразличен од другите. Тие повеќе се враќаат заради тоа како лично им влијаел вашиот производ или услуга врз нивниот живот. Ова може да биде начинот на кој тие се чувствуваат кога го користат вашиот производ, времето што го заштедуваат или дури и гордоста што ја чувствуваат за поддршка на локален, мал бизнис. Затоа, употребете и споделете го тоа влијание!
Овој тип на непристрасен придонес т.е. рецензии од прва рака се сметаат за содржина генерирана од корисник (UGC), и во оваа објава ќе се споделат пет причини поради кои треба да го фокусирате центарот на вниманието на овие непроценливи повратни информации во вашата следна кампања.
Содржина генерирана од корисници (UGC) низ бројки: Податоците не лажат
UGC не е некоја маркетинг стратегија која се креира преку ноќ. Податоците покажуваат дека скоро 80% од купувачите се согласуваат дека содржината генерирана од корисници е влијателна при нивните одлуки за купување.
Можеби најневеројатниот аспект на UGC е тоа што во суштина им дозволувате на вашите клиенти да го промовираат и продаваат вашиот производ за вас. А, кога станува збор за производи за е-трговија, ова е можност што не може да се занемари.
Всушност, 75% од маркетерите сметаат дека UGC обезбедува поголема автентичност, и градењето доверба е важно кога скоро 70% од потрошувачите ја ценат транспарентноста што им ја обезбедува еден бренд.
Значи, од започнување на натпревар за хаштаг на вашите профили на социјални медиуми до поврзување со вашите клиенти преку е-пошта замолувајќи им да ја раскажат својата приказна, постојат различни начини да започнете да го градите вашето портфолио на UGC.
Инфлуенсерите доаѓаат во сите големини
Не се обидуваме да ја поврземе содржината генерирана од страна на купувачите со содржината која ја генерираат инфлуенсерите.
Вашиот најдобар UGC ќе биде од локалните микроинфлуенсери – оние со помалку од 100.000 следбеници. Податоците покажуваат дека микроинфлуенсерите скоро 700% се поврзуваат со својата публика преку своите објави, отколку мега-инфлуенсерите.
Без оглед, секој со добро раскажана приказна може да влијае на другите – од вашите клиенти до вашите вработени. И составувањето на оваа содржина за вашата е-продавница, социјални медиуми и платена рекламна содржина може да зборува многу.
UGC е инструментален за е-трговијата
Можеби нема поголеми можности за UGC отколку во постојано проширувачкиот свет на е-трговија.
Преместувањето на производот преку Интернет може да биде тешко кога брзо се обидувате да го покажете квалитетот, карактеристиките, придобивките, употребата и секое друго размислување што има удел во носење одлука за набавка. Всушност, 45% од возрасните кои купуваат преку Интернет бараат карактеристики што можеби не се јасни од вашиот опис или слики. Откако виделе десетици други брендови, можеби ќе треба да го видат вашиот производ ‘на дело’ пред да донесат уште една одлука за купување.
Ова е моментот каде што обезбедувањето содржина генерирана од различни вистински клиенти може да ја промени одлуката. Во суштина, градите поголема доверба, со поангажирани потенцијални клиенти многу побрзо, што е совршено за производи кои се дел од е-трговијата.
Исто така постои и фактот дека најмодерното место за имплементација на содржина генерирана од корисници е на платформите за социјални медиуми како Facebook, Instagram и YouTube. Сето ова внимание на социјалните медиуми, со користење на UGC, може да се изедначи со многу пократок прозорец за разгледување и размислување и полесно креирање на конверзии преку купување директно од апликацијата на социјалниот медиум (во државите каде што тоа е возможно).
Социјалната трговија станува норма
Социјалната трговија се предвидува да достигне продажба од околу 84 милијарди американски долари до 2024 година, и се испоставува дека овој број само ќе продолжи да расте. Со над 80% од корисниците на Инстаграм што ја користат платформата за истражување на производи и услуги, влијателната моќ што ја имаат социјалните медиуми не е за потценување.
Како сето ова се однесува на UGC? Па, запомнете дека споделувањето на содржината на еден корисник кој ги употребува вашите производи на профилите на социјалните медиуми на вашиот бренд е потполно бесплатно! Ако веќе имате публика што зборува за вашиот бренд, зошто да не направите оваа содржина да работи за вас?
И не заборавајте дека содржината што ја генерираат вашите купувачи преку социјалните мрежи, (@тагнување на вашиот бренд или продукт) може исто така да работи обратно и може да се користи и на вашата веб-страница. Можете да ја поставите оваа содржина на вашиот веб-сајт, заедно со call-to-action, за производите што се прикажани на вашата е-продавница.
На пример, на нивниот веб-сајт каде што се прикажува поединечен производ, брендот Lush поставува содржина од Instagram од вистински клиенти. Кога ќе кликнете на некоја од овие содржини што се генерирани од вистински клиенти, веднаш имате можност да го купите производот што се прикажува.
User generated content покажува посветеност на клиентот
На крајот на денот, UGC може да ви помогне да изградите доверба, да ги скратите циклусите на купување и да му дадете на вашиот бренд постојан прилив на употреблива содржина, но тоа прави нешто повеќе – ја покажува посветеноста на клиентот.
За ефикасно користење на оваа содржина, треба да бидете подготвени да го слушнете мислењето на вашите купувачи. Редовното користење на нивниот фидбек може да покаже дека на вашиот бренд навистина му значи кога станува збор за тоа што мислат купувачите.
Брендовите дури користеа негативни UGC во рекламирањето за да покажат како се посветени на подобрување на искуството на брендот. Пример за ова е „Things You’d Rather Do Than Watch Another Wix Ad“ што Wix ја лансираше во 2020 година. Понекогаш негативата може да се претвори во позитива!
На кој начин и да ја користите, содржината генерирана од страна на вашите купувачи може да ви помогне вашиот бренд да се пробие, да се истакне и да биде забележан.
Извор: Forbes