p2p.mk e новата онлајн платформа која ве поврзува со инвеститорите

Пред македонската јавност беше презентирана првата P2P онлајн платформа на овие простори – p2p.mk. Платформата ќе го олесни пристапот до изворите за финансирање кој е  еден од темелните проблеми со кои се среќаваат бројни субјекти особено во банкоцентричните финансиски системи, каков што има и Македонија. „Предизвик е да се работи на македонска P2P платформа, концепт […]

Се одржа втората обука од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“

Digital Skills For Growth

На 22 јуни во просториите на ИННОФЕИТ се одржа втората од трите обуки од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“ организирана од АЕТМ и поддржана од Increasing Market Employability – IME.   На оваа обука предавач беше Мартин Китановски, co-founder на Grouper.mk и страствен маркетер за кого размислувањето out of the box е начин на […]

Започна нов проект за поддршка на регионалната економска интеграција во областа на квалитетна инфраструктура и е-трговија

АЕТМ присуствуваше на официјалното лансирање на новиот проект на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) за поддршка на регионалната економска интеграција во областа на квалитетна инфраструктура и е-трговија. Проектот EU4Business: Поддршка на регионалната економска интеграција ќе се спроведува во име на Европската унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и […]

Се одржа првата обука од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“

На 09 јуни во просториите на ИННОФЕИТ се одржа првата од трите обуки од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“ организирана од АЕТМ и поддржана од Increasing Market Employability – IME. На отворањето беа присутни претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска и Анета Дамјановска, претставник од Швајцарска Амбасада кои во своите излагања упатија голема благодарност до […]

Одржан 18-от јавен состанок на Агенцијата за пошти: Потврден ентузијазмот за градење на силен поштенски сектор

АЕТМ беше дел од 18-тиот јавен состанок на Агенцијата за пошти чиј фокус беше на состојбата на поштенскиот пазар во Република С.Македонија, тековните активности, плановите и програмите за делување во идниот период, како и претставување на Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2021 година. Јавните состаноци на Агенцијата за пошти овозможуваат […]

Финален настан во рамките на проектот „Let’s Talk about Gender Sensitive Practices and Policies”

Македонската асоцијација за човечки ресурси со задоволство Ве поканува на завршен настан на проектот „Let’s Talk about Gender Sensitive Practices and Policies”, поддржан од страна на Амбасадата на Република Франција во Скопје. Настанот ќе се одржи на 9 јуни (четврток), со почеток во 13:00 часот (зум онлајн настан). На настанот ќе бидат презентирани резултатите од […]

Се одржа обуката на тема: Користење на личните податоци во директен маркетинг

На 10 мај 2022 година се одржа онлајн обуката на тема “Користење на личните податоци во директен маркетинг”. Обуката организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Националното здружение за промоција на правото за заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ имаше за цел да ги презентира новите стандарди на GDPR. Предавачите на обуката Марјана Планојевиќ и […]

AETM ја лансираше ‘Алијанса за родова еднаквост на работното место’

Денес официјално ја лансиравме Алијансата за родова еднаквост на работното место (анг. Gender Equality Alliance – GEA), иницијатива која ќе се стреми да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. ГЕА ќе биде насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во […]

Обука на тема: Користење на личните податоци во директен маркетинг

За подобро разбирање на новите стандарди за користење на личните податоци во директен маркетинг, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Националното здружение за промоција на правото за заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ ја организира online обуката на тема “Користење на личните податоци во директен маркетинг”. Обуката ќе се одржи во вторник, на 10.05.2022, […]

Shoptalk Europe: Се наближува најголемиот настан за трговија во Европа!

Shoptalk Europe e најголемиот европски настан за трговија кој ќе се одржи од 6 до 8 јуни во Лондон! На настанот ќе бидат присутни многубројни говорници-експерти, а дури 73% од нив се на C-ниво! Со цел да дознаете повеќе за настанот, како и да ја погледнете програмата и 200+ говорници кои ќе бидат присутни на […]

Конкурс за избор и доделување на HR награди за 2021 година

Ве информираме дека Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) следејќи ја воспоставената традиција, и оваа година ќе додели признанија во следниве категории: „HR-Менаџер на годината“, „HR-Практика на годината“ и „Млад HR-ентузијаст на годината“. Целта на овие награди е да се препознаат, признаат, промовираат и да се наградат успесите на најпосветените професионалци и тимови од одделот […]

[Интервју] Вујичиќ и Тешиќ од Adria Summit: Идејата на самитот е да им се помогне на локалните компании да дејствуваат на пошироко ниво и да ги препознаат бенефитите кои следат

Во изминативе две години можевме да забележиме дека “remote” работењето, онлајн настаните и Zoom повиците се зголемија на огромно ниво, но она што е несомнено е дека на сите ни недостигаат, и со нетрение ги очекуваме настаните и вмрежувањата во живо. Со цел да надоместат за изминатите две години поминати во изолација, како и да […]

Доделени наградите за најуспешните македонски е-трговци за 2021

Први награди вo e-трговија

  Се одржаа првите награди за е-трговија. Кои македонски е-трговци беа избрани за најдобри? Вчера, во Скопје Мериот Хотел се одржа свечена манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и […]

Ретроспектива на најголемиот настан за е-трговија кој ја одбележа 2021 година

четврта конференција за е-трговија

Скоро 500 учесници имаа можност да слушнат и научат повеќе од 28 искусни говорници од 10 земји од светот за дигитализацијата и дигиталната нација кои се неопходни за да се задржи растот на е-трговијата предизвикан од глобалната пандемија, за безбедноста и за иновативните е-плаќања, како и за „триаголникот” на довербата, технологијата и регулативата, за влијанието […]

Започна третата фаза од проектот “Agri E-commerce”

презентација на производи на агро производители

АЕТМ започна со реализација на третата фаза од проектот “Agri E-commerce”, каде што 15 домашни агро-производители кои беа избрани во рамки на Јавниот повик за поддршка за македонски агро производители за пласирање на нивните производи за онлајн продажба, ги претставија своите производи пред претставници од најголемите платформи за е-трговија во нашата земја. По оваа активност […]

Иницијатива за унапредување на фриленсерството во рамки на проектот “Reconomy”

Вчера се одржа првата тркалезна маса посветена на “фриленсерството” во Северна Македонија, организирана во рамки на RECONOMY програмата, на која се дискутираше за новите нестандардни форми на “вработување”, со фокус на промоција на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за само-вработување и генерирање дополнителни приходи.  На тркалезната маса присуствуваа преставници од владините и невладините организации, […]

Се одржа #1 Afterwork сесија, 2021: “Да зборуваме за ГДПР во е-трговијата”

За подобро разбирање на новата регулатива за заштита на лични податоци – ГДПР (GDPR – General Data Protection Regulation), обезбедување на навремена стручна подготовка и подигање на квалитетот на примена на Законот за заштитата на личните податоци од страна на е-трговците, АЕТМ ја организираше #1 eCommerce Afterwork сесија во 2021 година, на тема: “Да зборуваме […]

Ангеловска дел од висок политички форум за одржлив развој на ООН

(14.07.2021) Во понеделникот, во рамки на високиот политичкиот форум за одржлив развој, на тема „Одржливо и еластично закрепнување од пандемијата со Ковид-19 што ги промовира економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој: градење на инклузивен и ефективен пат за постигнување на 2030 Агендата во контекст на деценијата на дејствување и испорака на одржливиот развој”, […]

Се одржа вториот регионален eTrade for Women Masterclass за жени од Балканот

Изминатата недела се одржа вториот дводневен регионален Мастерклас за жени во е-трговија од Балканот, под насловот: „Поддршка на жените претприемачи за време на нивното дигитално патување“, во виртуелен формат. На Мастеркласот присуствуваа повеќе од 90 жени – дигитални претприемачи од Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија. За време на […]

Јуни: настани за е-трговија во Европа

Јуни е и полека, Европа се повеќе се вакцинира. Засега, физичките посети на настани за е-трговија се значително намалени, но има неколку интересни што можете да ги посетите онлајн. Овие настани се достапни овој месец: 16-17 јуни: Digital 1to1 Summer Digital 1to1 Summer е летно издание на настаните Digital 1to1 што се случуваат секоја година […]

Одбрани победниците на хакатонот за изнаоѓање решенија за намалување на сивата економија во е-трговија

Изминатиот викенд за одржа првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, во организација на АЕТМ. Десет тимови составени од студенти од Економскиот факултет, Скопје и ФИНКИ работеа на креативни решенија одговарајќи на еден од двата поставени предизвици „Едуцирај и мотивирај” и „Детектирај и сузбиј”.  По 48 часовна работа на тимовите кои беа […]

Започна првиот виртуелен хакатон “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” во организација на АЕТМ

Вчера, со почеток во 17 часот започна дводневниот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија, под наслов “Хакирај ја сивата економија во е-трговија”, на кој учествуваат студенти од Економскиот Факултет – Скопје и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. Овој хакатон е организиран од АЕТМ, односно невладиниот сектор, со поддршка […]

Последен ден за пријавување на хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговија

Неодамна објавивме дека го организираме првиот 48 часовен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” кој ќе се одржи онлајн, од петок, 14 мај до недела, 16 мај. Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две […]

АЕТМ го организира првиот виртуелен хакатон посветен на сивата економија: „Хакирај ја сивата економија во е-трговија“

Согласно Извештаите од анализа на е-трговија во Република Северна Македонија, 2018 и 2020 година, една од главните мапирани бариери за раст на бизнисите во е-трговијата е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистрираните компании.  Според анализата на прашалникот спроведен во 2020 година од АЕТМ на 2.800 е-купувачи, над 70% од купувачите свесно учествуваат во […]

5 заклучоци од третата годишна конференција за е-трговија

Под мотото „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!” на 25-ти и 26-ти ноември, се одржа Третата годишна конференција за е-трговија на која присуствуваа повеќе од 340 учесници од преку 100 компании, организации, владини институции и образовни установи. Конференцијата, во своето премиерно онлајн издание, се состоеше од богата дводневна програма во која учество земаа 35 еминентни […]

334 учесници | 13 говорници | 8 теми – Ден #1 од третата конференција за е-трговија

Првиот ден од Третата годишна конференција за е-трговија го одбележавме со 334 учесници, 13 говорници и 8 внимателно избрани теми со цел опфаќање на клучните елементи во синџирот на е-трговијата. Учесниците со воведно обраќање беа поздравени од претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска и Н.Е Кејт Мери Брнс, Амбасадор на САД во […]

Едукативно предавање на АЕТМ во рамки на Global Entrepreneurship Week

Глобалната недела на претприемништво е прослава на иноваторите и креаторите на работни места кои лансираат стартапи кои реализираат идеи, поттикнуваат економски раст и ја прошируваат човечката благосостојба. Во текот на една недела секој ноември, GEW ги инспирира луѓето насекаде преку локални, национални и глобални активности создадени со цел да им помогнат да ги истражат своите […]

E-commerce Afterwork сесија #2: Што треба да знаат сите е-трговци за имплементацијата на онлајн плаќање?

На 3 февруари, во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој се одржа втората сесија од серијалот „E-commerce Afterwork сесии”, на тема: „Имплементација и предизвици при онлајн плаќање”, организирана од нашата Асоцијација за е-трговија на Македонија.  Сесијата беше наменета за сите постоечки и потенцијални е-трговци, а беше организирана со поддршка на Фондот за иновации […]

Царинската управа по повод Меѓународниот ден на Царината додели благодарница на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

На 26-ти јануари секоја година ширум светот се прославува Меѓународниот ден на Царината со посебни организирани активности. Царинската управа на Република Северна Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината со истакнување на неколку важни определби од функционирањето на оваа важна институција. Оваа година, Меѓународниот ден на Царината се празнува под слоганот „Царина […]