Се одржа првата обука од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“

На 09 јуни во просториите на ИННОФЕИТ се одржа првата од трите обуки од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“ организирана од АЕТМ и поддржана од Increasing Market Employability – IME.

На отворањето беа присутни претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска и Анета Дамјановска, претставник од Швајцарска Амбасада кои во своите излагања упатија голема благодарност до присутните, ја образложија целта на обуката и потенцираа дека унапредувањето на дигиталните вештини значи побрза дигитална трансформација на општеството која ќе има големо влијание на економијата во иднина.

 

На оваа обука предавач беше Дамјан Дано, долгогодишен екперт за дигитална трансформација кој го опфати делот за  дигитализација на процеси и алатки за менаџирање и одржување на е-продавница. Во 4 часа, присутните од ИТ, туризам и агро секторите се запознаа со основните процеси потребни за водење на е-продавница и како да се прават дневни, неделни, месечни и квартални проверки неопходни за беспрекорно функционирање на истата. Дигитализацијата и автоматизацијата на бизнис процесите беше уште една од темите кои Дамјан Дано ги сподели со присутните, давајќи им потенцијални, корисни решенија за пофукнционално водење на нивните е-продавници. Во делот за потенцијални ризици и ИТ безбедносни закани беа објаснети начините за заштита на е-продавниците, како да се подобри нивото на заштита и како да се препознае и спречи напад. Корисничката приватност и регулативата поврзана со приватноста на корисниците (GDPR) беше уште една од темите кои Дамјан Дано ги опфати во првата обука потенцирајќи ја важноста на приватноста на секој корисник во интернет просторот. За крај на оваа обука беа споделени алатки за следење и аналитика, како и алатки за подобрување и унапредување на една е-продавница.

Присутните во текот на обуката имаа можност да ги разменат своите искуства, да споделат повеќе информации за својот бизнис, да разговараат за нови идеи и меѓусебно да поврзат за идни можни соработки. Следат уште 2 обуки со предавачите Мартин Китановски и Дарко Булдиоски кои ќе опфатат теми за како најдобро да се претстави својот бренд/бизнис на социјалните медиуми преку маркетинг и storytelling.