Новости од е-трговија

Се одржа обуката на тема: Користење на личните податоци во директен маркетинг

Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг
Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг

На 10 мај 2022 година се одржа онлајн обуката на тема “Користење на личните податоци во директен маркетинг”. Обуката организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Националното здружение за промоција на правото за заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ имаше за цел да ги презентира новите стандарди на GDPR.

Предавачите на обуката Марјана Планојевиќ и Димитар Ѓеорѓиевски во 2 дела зборуваа за начинот како да се подобри заштитата на личните податоци во дигиталниот свет и како правилно да се користат личните податоци за цели на директен маркетинг. Во првиот дел, Марјана Планојевиќ – експерт за заштита на личните податоци, опфати теми како што се: правна анализа на новата легислатива, објаснување на поимот директен маркетинг, opt-in, opt-out, генерирање на потенцијални клиенти и маркетинг листа со лични податоци на клиенти, политика на приватност, известување за обработка на личните податоци, изјава за приватност и многу други. Во вториот дел од обуката, Димитар Ѓеорѓиевски – експерт за заштита на личните податоци, својот фокус го стави на Улогата на офицерот за заштита на личните податоци, односно Што е офицер за заштита на личните податоци, како да се направи усогласеност со новиот закон за заштита на личните податоци, што прави Офицерот по стапување на должност, аксицки план (анализа на работата и процесите) и многу други теми.

Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг
Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг
Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг
Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг
Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг
Обука Користење на личните податоци во директен маркетинг

 

Со овие опфатени теми, но и со одговарањето на прашањата од страна на предавачите, учесниците на обуката се стекнаа со голем број знаења поврзани со новите стандарди на GDPR и како да се создаде побезбеден дигитален свет. АЕТМ упатува благодарност до предавачите и сите учесници кои покажаа огромен интерес за темата и се вклучија за создавање на одлична, интерактивна обука.