Запознај се со новиот ИТ хаб во Скопје – Netaville

Во Скопје се отвори нов IT хаб – Netaville. Netaville е средина која го стимулира развојот на локалната tech-сцена, поддржува IT настани и споделување знаење. Од почетници до искусни професионалци, етаблирани организации и организатори на настани, секој е добредојден во овој простор кој е место за иновации, размена на визии, идеи и постигнувања.

Без разлика дали си IT студент кој сака да научи повеќе или да запознае колеги или IT заедница, професионалец на кој му треба место за co-working, или имаш супер идеја за tech настан, Netaville е местото кое ќе ја поддржи твојата визија и ќе ѝ помогне да се претвори во реалност.

IT студентите можат да присуствуваат на предавања, да запознаат професионалци и да уживаат во посебните попусти кои ги имаат во кафе-барот кој е дел од просторот. Блискоста до техничките факултети го прави местото лесно достапно до студентите. Простор во Netaville е достапен за локалните IT факултети и за нивните настани и едукативни потреби. Netaville ќе биде место кое ќе го поддржи професионалниот развој на студентите и ќе го направи нивното учење повозбудливо и интересно.

Организациите, заедниците и организаторите на настани, можат да го резервираат социјалниот простор за нивниот следен IT настан. Без разлика дали организираш натпревар, хакатон, предавање, саем на кариера или средба на твојата група, Netaville е место кое е достапно за сите настани од кои ќе има бенефит IT заедницата.

Професионалците, фриленсерите и експатите можат да го користат co-working просторот и да уживаат во пријатната работна средина. Тие можат да се сретнат со колеги, да разменуваат идеи додека пијат кафе, и да ги искористат предностите на локацијата.

Интернационалната софтвер компанија Netcetera ја поддржа креацијата на Нетавил. Поддржувањето на локалната IT заедница и на талентите е еден од главните принципи на компанијата. Замислата е Netaville да го стимулира развојот на растечката tech-сцена во Македонија и да ги инспирира младите таленти да се пронајдат во IT светот.