Digital Skills For Growth

Новости од е-трговија

Се одржа втората обука од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“

На 22 јуни во просториите на ИННОФЕИТ се одржа втората од трите обуки од едукативната програма „Дигитални вештини за раст“ организирана од АЕТМ и поддржана од Increasing Market Employability – IME.

 

На оваа обука предавач беше Мартин Китановски, co-founder на Grouper.mk и страствен маркетер за кого размислувањето out of the box е начин на секојдневното функционирање. Во своето 4 часовно предавање на тема „Social Media Marketing & Storytelling“, Мартин ги деконструираше маркетингот и storytelling-от до најситни единици зборувајќи за зборот и поимот маркетинг и неговите фундаменти, даде објаснување за социјалните медиуми и начините на кои тие функционираат, зборуваше на тема: зошто Content is King и зошто storytelling-от ја има една од најважните, но некогаш и најважната улога во маркетингот. На присутните им пренесе како да направат план и стратегија за објавување на content, но и каков content треба да се објавува во даден момент. Колку се важни конзистентноста во работењето и креативноста при создавањето и комуникацијата со клиентите. Мартин во своето предавање ги вклучи едни од најдобрите маркетинг кампањи/реклами од последниве години: The Gentleman’s Wager рекламата за Blue Label, Be Stupid кампањата на Diesel, Privacy on iPhone кампањата на Apple и многу други преку кои на присутните им даде конкретни примери за тоа како креативното размислување и создавањето на добра приказна можат да им го пренесат духот на брендот на постојаните и идни клиенти.

Знаењата акумилирани од првата и втората обука ќе им бидат од голема помош на присутните во понатамошниот раст на нивните компании. Останува уште една обука од едукативната програма на која Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMk, кој ќе зборува за алатки за е-трговија во дигитален маркетинг и рекламирање. Уште една добра тема која ќе ги зголеми дигиталните вештини на учесниците во обуката.