Финален настан во рамките на проектот „Let’s Talk about Gender Sensitive Practices and Policies”

Македонската асоцијација за човечки ресурси со задоволство Ве поканува на завршен настан на проектот „Let’s Talk about Gender Sensitive Practices and Policies”, поддржан од страна на Амбасадата на Република Франција во Скопје.

Настанот ќе се одржи на 9 јуни (четврток), со почеток во 13:00 часот (зум онлајн настан).

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од спроведените процеси за креирање на методологија и планови за родово сензитивни HR-практики и политики во компании од ИКТ секторот. 

Придружете се и Вие на настанот со кратка регистрација на овој линк.