На 8, 9 и 10 септември во Олимпија парк во Тирана, нашите партнери и соработници – Албанската асоцијација за е-трговија го организираат настанот „Inn Festival – Connect with Albania“. Овој настан е фокусиран најмногу на е-трговијата, иновациите и технологиите и нуди многу можности за запознавање на пазарот во Албанија, промоција на вашата компанија и остварување на контакти со идни партнери и соработници.
Влезот на настанот е бесплатен за сите кои сакаат да присуствуваат, a АЕТМ како партнер на овој настан за членовите обезбеди 10% попуст доколку сакате да имате штанд за промоција на вашата компанија на овој настан.
Сметаме дека овој настан може да биде корисен за вас доколку сакате да го проширите вашиот бизнис во Албанија, да се запознаете/вмрежите со ваши истомисленици од таму и да ја запознаете нивната состојба со е-трговијата.
Повеќе информации за настанот можете да добиете на овој линк.
Post a comment