Одржан 18-от јавен состанок на Агенцијата за пошти: Потврден ентузијазмот за градење на силен поштенски сектор

слика 7

АЕТМ беше дел од 18-тиот јавен состанок на Агенцијата за пошти чиј фокус беше на состојбата на поштенскиот пазар во Република С.Македонија, тековните активности, плановите и програмите за делување во идниот период, како и претставување на Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за 2021 година. Јавните состаноци на Агенцијата за пошти овозможуваат транспарентност и јавноста континуирано да биде информирана за сите нивни регулаторни мерки и одлуки што ги засегаат сите оние кои се дел од екосистемот на пазарот на поштенските услуги.

Во изминатите шест месеци прва конкретна активност што ја направивме е формирањето на работната група за иницирање на измена и дополнување на Законот за поштенските услуги. Нејзина цел е унапредување на регулаторната рамка, но и усогласување на домашното законодавство со европското, согласно глобалните трендови на пазарот на поштенските услуги, посочи директорката на Агенција за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска

Таа информираше дека моментално се во процес на подготовка за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на нотификацијата и потребната документација која се доставува со нотификацијата, како и измени и дополни на Правилникот за барањата за квалитетот на услугите опфатени со универзалната услуга со параметрите за квалитет и нивно мерење.

Тоа ќе ни овозможи да пропишеме нови стандарди на квалитет. За таа цел е формирана работна група со претставници од давателот на универзалната услуга и од Агенцијата за пошти. Исто така, продолжуваме со активностите на работната група поврзани со посебното сметководство и алокација на трошоци, рече таа

слика 8

На настанот беше презентиран и Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република С. Македонија за 2021 година кој покажува дека во 2021 година има намалување на бројот на даватели на поштенски услуги на слободниот пазар кој изнесува 42, во однос на 2020 година, кога имало 46.

Обемот на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија во 2021 година изнесувал 37.616.911  поштенски пратки и покажува намалување од 6,6 отсто во споредба со 2020 година

Во извештајот може да се забележи и дека е зголемен обемот на пакетите кај пошта на Северна Македонија, а за тој раст се сугерира дека доаѓа од зголемената употреба на е-трговијата во нашата земја.

Во 2021 година се забележува зголемување на обемот на пакетите кај Пошта на Северна Македонија во однос на 2020 година и тоа за 43%. Зголемување на обемот на пакетите е во чекор со трендовите и сѐ поголемата побарувачка на онлајн услуги.

Целиот Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република С. Македонија за 2021 на Агенција за пошти можете да го погледнете на овој линк.

Поврзани содржини