Бугарија ќе биде домаќин на Balkan E-commerce Summit на 4 и 5 април

Во Софија на Balkan E-commerce Summit се очекуваат говорници и над 450 гости од повеќе од 12 земји

„Претставници на Македонија, Романија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Црна Гора и други ќе имаат свои излагања, презентации и можност за промоција во expo делот на Balkan Ecommerce Summit. Форумот ќе се одржи од 4 до 5 април во Sofia Tech Park. Се очекуваат говорници и преку 450 гости од повеќе од 12 земји. Официјален јазик на Балканскиот самит за е-трговија е англискиот. Повеќе од 35 медиуми и професионални здруженија го поддржуваат настанот, поради неговите неизбежни придобивки и големиот потенцијал за прекуграничен бизнис.“ – изјави неодамна Никола Илчев од Академијата за е-трговија.

Учесниците ќе ги наведат главните начини и предизвици за влез на нивните пазари и ќе дадат насоки за тоа на што треба да внимаваат новите играчи на пазарот. За време на настанот, ќе има панел-дискусии и презентации за поединечните пазари на Балканскиот Полуостров, кои ќе ги презентираат локални специјалисти и препознатливи лидери. Претседателката на АЕТМ – Нина Ангеловска и проектниот менаџер Марија Ристовска ќе бидат едни од говорниците на овој самит.

Највредното нешто за овој прв балкански форум, според организаторот Никола Илчев од Академијата за е-трговија, е тоа што „ќе им даде можност на претставниците од сите овие пазари да се сретнат на едно место и да разменат вредни искуства и идеи, како и да се најдат начини да се направи трговијата меѓу нив уште подобра. Обединет, Балканскиот Полуостров е прилично голем пазар кој е привлечен за секој е-трговец. На овој настан може да се најдат многу корисни и инспиративни информации и многу нови контакти со потенцијални партнери, даватели на услуги и други засегнати страни“.

Организаторите велат дека ќе се погрижат секој посетител да го извлече максимумот од двата дена со презентации на меѓународни говорници, просторот во expo делот и networking забава по завршувањето на првиот ден. Сесиите за прашања и одговори со говорници и партнери ќе бидат достапни во expo зоната, каде што повеќе од 30 деловни претставници ќе имаат свои штандови.

Повеќе информации за агендата, говорниците и цената на билетите се достапни на веб-страницата: https://balkan.ecommercebg.com/
Следете ги сите ажурирања во реално време на социјалните медиуми: Facebook, LinkedIn

Како партнери на Balkan Ecommerce Summit обезбедивме специјални попусти за билети. Контактирајте нè info@ecommerce.mk за повеќе информации поврзани со билетите.

Поврзани содржини