WITCON, tech конференција на 20ти мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Women in Tech Macedonia ја спрема својата најголема конференција до сега, која ќе се одржи на 20ти мај 2023 година, од 09:30ч-16:30ч во хотел Мериот. WITCON Tech Conference е настан кој не би требало да го пропуштите.

WITCON е конференција чијашто главен фокус и цел е технологијата и иднината. Преку експертски разговори и панели, говорници-професионалци од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последните неколку години, предизвиците со кои компаниите се соочуваат и како ги решаваат истите. 

Оваа конференција не е наменета само за жени и девојки, туку е наменета за сите кои се заинтересирани за најновите технологии и иновации. На WITCON Tech Conference оваа година ќе го присуствуваат повеќе од 200 учесници и ќе го чуеме мислењето на повеќе од 20 говорници од Македонија и регионот.

Ќе бидат дискутирани трендовите во индустријата и ќе се разговара и за што е следно може да се очекува. Говорниците ќе го пренесат своето професионално искуство и успешни приказни креирани од долгогодишна работа со светски компании во Македонија и регионот на конкретните теми. 

За време на оваа конференција ќе има изложување и на најнови технолошки продукти, VR/AR направи и роботи кои зборуваат и промовираат.

Не ја пропуштајте можноста за целодневна конференција со најнови трендови во технологија и можност за нетворкинг. Резервирајте карта на https://www.bileti.mk/e/WITCON1

Следете го настанот каде секојдневно има најава на говорници и теми, станете дел од заедницата на Women in tech Macedonia и следете ги нивните социјални мрежи за повеќе детали за конференцијата, кои ќе бидат објавени наскоро на Facebook, LinkedIn и Instagram

Зачувајте го 20ти мај за WITCON, резервирајте карта со време и очекувајте одлични говорници и одлична атмосфера!