Нашата мисија е да креираме поволна околина за забрзан раст на е-трговијата.
Од основањето на АЕТМ во декември 2017 година нашата мисија е да креираме иднина за раст и развој на е-трговијата во Република Македонија, особено поттикнувајќи ги инклузивните практики.
Со бројни партнерства воспоставени меѓу сите засегнати страни од екосистемот на е-трговијата и над 120 поддржувачи и компании кои се членови во АЕТМ, активно работиме кон остварување на нашата мисија.
Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за секоја компанија која сака да расте, просперира и да оствари конкурентна вредност.
Е-трговијата денес се развива со забрзано темпо и со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни.
Ние знаеме дека од суштинско значење за професионалците, претприемачите, компаниите, организациите, институциите и ентузијастите е да поттикнуваме вредни врски и соработки, да учиме едни од други, да инспирираме и да ги креираме и применуваме иновациите во индустријата.