По успешната соработка во 2023 година, со поддршка на Visa во 2024 година, АЕТМ продолжи да го поддржува развојот на е-трговија уште една иницијатива кои има за цел да да ја зајакне е-трговијата и вештините поврзани со дигиталниот маркетинг, да ја зголеми понудата во секторот за е-трговија и да се бори со најголемиот предизвик во секторот е-трговија – сивата економија.
Во март 2024 започна реализацијата на проектот „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 2” , преку кој 20 микро, мали и средни македонски компании имаа можност бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение.
Проектот започна со креирање на лендинг страница и со креирање на јавен повик. Во рамки на објавениот јавниот повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” vol.2 со кој сите микро, мали и средни компании имаа можност да аплицираат за бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение, вкупно 89 домашни компании ги поднесоа своите апликации за учество. Јавниот повик беше наменет за микро, мали и средни компании кои не ги нудат своите производи/услуги за онлајн продажба, а кои сакаат да започнат со онлајн продажба.
Во рамки на јавниот повик, во април 2024 беше организирана и информативна сесија со нетворкинг за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе детали за условите за аплицирање. Воедно, беа контактирани членови на АЕТМ кои се маркетплејс платформи или IT компании да се пријават со свои понуди за да бидат дел од проектот и да им овозможат на одбраните апликанти да отворат е-продавница преку своите решенија.
Јавниот повик резултираше со пријавени 89 апликанти, додека 79 од нив влегоа во вториот круг на селекција. Апликантите ги оценуваше индивидуално тричлена жири комисија составена од претставник од Visa, претставник од АЕТМ и независен претставник, по што беа направени ранг листи по бројот на вкупни оцени и финалните 20 поддржани апликанти.
Откако беа избрани апликантите, ги добија понудите од пријавените маркетплејс платформи и IT компании и избираа едно од понудените решенија за отворање на нивна е-продавница.
Во јуни беше оддржан еднодневен практичен семинар за зајакнување на дигиталните вештини поврзани со маркетинг во е-трговија, наменет за претставниците од избраните компании. На еднодневниот практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ кој се оддржа со физичко присуство, беа опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми.
По завршување на семинарот, селектираните компании се здобија со сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ;

Салон за убавина и козметички производи

Оптика

Консултантски услуги

Продажба на фотографска опрема и електроника

Продажба на производи за деца

Енергетски техники во алтернативна медицина

Козметика за професионална нега на коса

Професионални средства за чистење и дезинфекција

Производи за домашни миленици

Увезени преработки на храна со додадена вредност

Продажба на часовници и накит

Продажба на додатоци во исхана, здрава храна, козметика

Продажба на книги и печатени материјали

Производи за дом и градина

Занаетчиство, изработка на накит

Рачни изработки

Нега и одржување на телото

Машка облека

Продажба на книги, образование

Авто мото производи и производи за телефони и фотогафија