По успешната имплементација на две изданија од иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“ во партнерство со Visa во 2023 и 2024 година, АЕТМ ги продолжи своите напори за поттикнување на растот на е-трговијата и во 2025 година со лансирање на третото издание на иницијативата.
Имплементацијата на „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 3“ имаше за цел да поддржи 20 микро, мали и средни македонски компании бесплатно да отворат сопствени е-продавници, во рамки на постоечки маркетплејс платформи во Македонија или преку софтверски решенија наменети за таа цел. Дополнително, програмата беше насочена кон зајакнување на нивните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг, со цел успешно започнување и водење на онлајн продажбите.
Учество беше бесплатно за сите регистрирани микро, мали и средни компании кои сè уште не продаваат онлајн, а сакаат да започнат со онлајн продажба, преку спроведување на селекциски процес.
Проектот започна со објава на јавен повик за учество во иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.3“. Преку овој повик, сите микро, мали и средни компании имаа можност бесплатно да аплицираат за отворање сопствена е-продавница – било преку постоечки маркетплејс платформи во Македонија, било со сопствено софтверско решение.
Паралелно со лансирањето на јавниот повик, беше реализирана промотивна кампања која опфати медиумски соопштенија, email newsletters и објави на социјалните мрежи.
Во рамки на јавниот повик, во април 2025 беше организирана инфо-сесија и настан за вмрежување наменети за сите заинтересирани компании кои сакаа да дознаат повеќе за условите за аплицирање. Настанот собра над 150 гости, кои имаа можност да добијат детални информации за процесот на аплицирање во јавниот повик поддржан од АЕТМ и Visa.
Со цел да се обезбеди поширока достапност, дополнително беше организирана и онлајн инфо-сесија за оние што не можеа да присуствуваат физички. Оваа сесија им овозможи на потенцијалните апликанти да се запознаат и со дел од партнерите на иницијативата и да ги разгледаат можностите за идна соработка.
И двата настани беа отворени за јавноста и промовирани преку каналите на Асоцијацијата на социјалните мрежи и преку email маркетинг.
Вкупно 91 компанија аплицира за учество. Поради големиот интерес и ограничениот буџет, беше спроведена селекција според општите критериуми – компаниите да бидат микро, мали или средни претпријатија, да не продаваат онлајн и да достават целосна апликација.
По оваа прва селекција, 73 апликанти ги исполнија условите и преминаа во втората селекција, каде што тричлена комисија за е-трговија ги оцени пријавите според однапред утврдени критериуми.
Од избраните 20 компании, секоја беше поврзана со партнер по нејзин избор – маркетплејс платформа или ИТ компанија.
Во оваа фаза беше изработена листа на потенцијални партнери – маркетплејс платформи и ИТ компании, со кои потоа се воспостави контакт и се водеа преговори за развој на специјални пакети наменети за избраните компании-учесници.
За маркетплејс платформите, пакетите опфатија: поставување на производите на избраните бизниси, поддршка при онбординг процесот и таргетирани маркетинг активности. За ИТ компаниите, фокусот беше ставен на креирање на прилагодени софтверски решенија за учесниците во програмата.
Избраните компании учествуваа на еднодневна едукативна работилница, која се одржа на 4 јули 2025 година во Startup Club во Скопје. Работилницата имаше за цел да ги опреми претставниците на поддржаните компании со вештини и знаења потребни за успешно онлајн продавање преку локалните маркетплејс платформи и ИТ компании. Настанот заврши со доделување сертификати на учесниците.

Beauty studio и едукација

Пет шоп

Wellness studio

People & Leadership Development

Заштита на животни и животна средина

Пчелни производи

Авантури, тури & experience booking

Медицински производи, помагала и козметика

Накит

Холистичко здравје

Локална храна и производи

Пет шоп

Рачно изработен накит

Производи за кафе

Coworking space во Охрид

Рачно изработен накит

Женска облека, кожни ташни, производи за нега на коса

Спортско и рекреативно образование

Производи за кафе

Трансфер услуги и изнајмување возила
20 микро и мали бизниси отворија свои е-продавници и овозможивме да допрат до што поголем број на нови клиенти.
Со отворање на 20 нови е-продавници, ја зголемивме понудата на производи и услуги во е-трговијата.
Зголемени дигитални и вештини за е-трговија кај претставниците на избраните компании. Повеќе од 30 претсатвници успешно завршија еднодневен семинар за е-трговија.
20 ММСП веќе активно почнаа да ги продаваат нивните е-продавници преку нов канал за продажба користејќи ја е-трговијата.
Зголемена промоција на новоотворените е-продавници на социјални медиуми, e-mail newsletter преку каналите на АЕТСМ.