УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА ВЕБ-ПЛАТФОРМА ЗА Е-ТРГОВИЈА ECOMMERCE4ALL.EU ЗА СИТЕ ЦЕФТА ПАЗАРИ

Лансирана помеѓу ноември 2021 и април 2023 година со поддршка од ГИЗ ОРФ Проектот за надворешна трговија, ecommerce4all.eu е првата регионална платформа за е-трговија за ЦЕФТА регионот, која ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, и Србија. Платформата обезбедува ресурси на локални јазици и англиски во шест клучни области: податоци за е-трговија, правни рамки, плаќања, испорака, успешни приказни и новата Регионална значка за е-трговија. Содржината е достапна и на локални јазици и на англиски, нудејќи ресурси, вклучувајќи статистика, упатства, водичи и видеа.

На почетокот, модулите „Е-плаќање“ и „Достава“ беа достапни само за Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Меѓутоа, помеѓу септември 2023 и ноември 2024 година, овие модули беа проширени и сега ги опфаќаат сите ЦЕФТА пазари. Денес, платформата содржи шест целосни модули: Податоци за е-трговија, Правна рамка, Успешни приказни, Е-плаќање, Достава и новововедената Регионален беџ за доверба во е-трговија.

За да ја зголемиме релевантноста на платформата, го ажуриравме модулот за податоци за е-трговија, вклучувајќи го Индексот за подготвеност на мрежата (Network Readiness Index – NRI), општите резултати и рангирања на Индексот за перформанси на логистика (LPI), информации за инфраструктурата и повеќе. Главно дополнување е модулот за Регионален беџ за доверба во е-трговија (Regional Trustmark Badge) за сите 7 ЦЕФТА пазари, направен да ја зголеми довербата на потрошувачите и да се бори против нефер конкуренцијата.

Достигнувањето на платформата значително се зголеми преку стратешките промоции и нејзино претставување на истакнати регионални настани. Промовирана преку стратешки кампањи и настани како собранието на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и конференцијата Xperience во Србија, платформата значително ја зголеми својата публика. Достапна преку URL-адреси специфични за секој ЦЕФТА пазар или преку почетната страница – ecommerce4all.eu, платформата останува витален ресурс за бизнисите кои се движат низ динамичниот пејзаж на е-трговија на ЦЕФТА регионот.

Постигнати резулати со проектот

  • Целосно функционална регионална платформа (ecommerce4all.eu) со шест модули: податоци за е-трговија, регулатива, успешни приказни, е-плаќање, достава и Регионлалн беџ за доверба во е-трговија.
  • Ажурирани податоци во рамките на модулот за податоци за е-трговија со метрики како рангирање на NRI и LPI, детали за инфраструктурата и логистички перформанси
  • Нова функција за верификувани е-продавачи во сите седум ЦЕФТА земји  – Регионлалн беџ за доверба во е-трговија.
  • Креирани многубројни содржини на локални јазици и англиски, вклучувајќи статистика, упатства, водичи и видеа.

Унапредување на регионалната веб-платформа за е-трговија ecommerce4all.eu за сите ЦЕФТА пазари беше поддржано од ГИЗ