„Е-ТРГОВИЈА: СУПЕРМОЌ ЗА ЛОКАЛНИТЕ БИЗНИСИ vol. 2“

По успешната соработка во 2023 година, со поддршка на Visa во 2024 година, АЕТМ продолжи да го поддржува развојот на е-трговија уште една иницијатива кои има за цел да да ја зајакне е-трговијата и вештините поврзани со дигиталниот маркетинг, да ја зголеми понудата во секторот за е-трговија и да се бори со најголемиот предизвик во секторот е-трговија – сивата економија.
Во март 2024 започна реализацијата на проектот „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 2” , преку кој 20 микро, мали и средни македонски компании имаа можност бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение.

ФАЗА 1 - ЈАВЕН ПОВИК

Прибирање на апликации за учество

Од 20.04.2024 до 15.05.2024

Проектот започна со креирање на лендинг страница и со креирање на јавен повик. Во рамки на објавениот јавниот повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” vol.2 со кој сите микро, мали и средни компании имаа можност да аплицираат за бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение, вкупно 89 домашни компании ги поднесоа своите апликации за учество. Јавниот повик беше наменет за микро, мали и средни компании кои не ги нудат своите производи/услуги за онлајн продажба, а кои сакаат да започнат со онлајн продажба.

Инфо сесија и нетворкинг настан со АЕТМ и компанијата Visa

Скопје 15.04.2024

Во рамки на јавниот повик, во април 2024 беше организирана и информативна сесија со нетворкинг за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе детали за условите за аплицирање. Воедно, беа контактирани членови на АЕТМ кои се маркетплејс платформи или IT компании да се пријават со свои понуди за да бидат дел од проектот и да им овозможат на одбраните апликанти да отворат е-продавница преку своите решенија.

ФАЗА 2

ИЗБОР НА ДОБИТНИЦИ НА ПОДДРШКА

Селекција на учесници

Јавниот повик резултираше со пријавени 89 апликанти, додека 79 од нив влегоа во вториот круг на селекција. Апликантите ги оценуваше индивидуално тричлена жири комисија составена од претставник од Visa, претставник од АЕТМ и независен претставник, по што беа направени ранг листи по бројот на вкупни оцени и финалните 20 поддржани апликанти.

Селекција на маркетплејс платформи и IT компании за изработка на е-продавници

Откако беа избрани апликантите, ги добија понудите од пријавените маркетплејс платформи и IT компании и избираа едно од понудените решенија за отворање на нивна е-продавница. 

ФАЗА 3

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ И ОТВОРАЊЕ НА Е-ПРОДАВНИЦИ

Во јуни беше оддржан еднодневен практичен семинар за зајакнување на дигиталните вештини поврзани со маркетинг во е-трговија, наменет за претставниците од избраните компании. На еднодневниот практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ кој се оддржа со физичко присуство, беа опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми.

По завршување на семинарот, селектираните компании се здобија со сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ;

ОТВОРЕНИ Е-ПРОДАВНИЦИ ВО РАМКИ НА ОВАА ИНЦИИЈАТИВА

Dokowski Spa

Салон за убавина и козметички производи

АЦТ! и ПРАКСИС

Консултантски услуги

Фото Студио Моби Арт

Продажба на фотографска опрема и електроника

Welcome Baby

Продажба на производи за деца

РЕИКИ

Енергетски техники во алтернативна медицина

Бубе Студио Ин

Козметика за професионална нега на коса

Power Cleaning

Професионални средства за чистење и дезинфекција

Hana Pet Shop

Производи за домашни миленици

Delicorner

Увезени преработки на храна со додадена вредност

SilverMoon сребрен накит

Продажба на часовници и накит

Biocentar

Продажба на додатоци во исхана, здрава храна, козметика

Lavirint

Продажба на книги и печатени материјали

Vivene by Homax

Производи за дом и градина

MACHIQUE jewelry & more

Занаетчиство, изработка на накит

РАДОСТ рачни изработки

Рачни изработки

Nutricoach

Нега и одржување на телото

Линкести

Машка облека

Book Box

Продажба на книги, образование

Кимов

Авто мото производи и производи за телефони и фотогафија

Резулати од овој проект

Зголемени дигитални вештини на учесниците од избраните компании;

Запознавање и networking помеѓу учесниците и претставниците на маркетплејс платформите на семинарот

Поддржани 20 ММСП да отворат свои е-продавници во рамки на маркетплејс или со сопствено решение

Реализирани нови онлајн продажби кај 20 ММСП и зголемена понуда во е-трговија

Зголемена промоција на новоотворените е-продавници на социјални медиуми, e-mail newsletter и медиуми