Врз основа на овој успех, во 2024 година ја започнавме кампањата „Градиме доверба во е-трговијата“ во соработка со Visa. Целта на оваа кампања беше дополнително зајакнување на довербата во е-трговијата преку доделување на беџот на 10 нови е-продавачи преку јавен повик.
Промовирана преку социјалните медиуми, билтени, блогови, медиуми и ТВ, кампањата ја подигна свеста за Беџот за верификуван е-трогвец, инспирирајќи ги бизнисите и потрошувачите да им дадат приоритет на довербата во е-трговијата. Со над 80 проверени е-продавачи, го зајакнавме екосистемот и изградивме побезбедна средина за онлајн купување во Северна Македонија – уште еден чекор напред со Visa покрај нас.