Иницијативата „Ecommerce4All” која се реализираше од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем во текот на 2020 и првата половина на 2021 година се реализираше како одговор на мапираните бариери за раст и развој на е-трговијата во Република С. Македонија во Извештајот за анализа на е-трговија од 2018 година. Иницијативата се состоеше од три главни компоненти и тоа: (1) развој на веб платформа www.ecommerce4all.mk; (2) одржување на learn-a-thon тренинзи за унапредување на дигиталните вештини на постоечките е-трговци на различни релевантни теми поврзани со е-трговија; и (3) поддршка на 40 ММСП да отворат дополнителен канал за продажба – своја е-продавница во рамки на локална маркетплејс платформа или самостојно. Дополнително, во рамки на проектот беа развиени и лансирани и (4) првиот регистар на е-трговци во Северна Македонија во соработка со петте банки кои нудат е-трговија и (5) беџот за верификуван е-трговец.
Креираната веб платформата има за цел на детален, лесно разбирлив и интерактивен начин да ги презентира клучните аспекти во синџирот на е-трговијата: регулатива, испорака и плаќање. Покрај овие три модули платформата содржи уште два модули од кои едниот насочен на промовирање на успешни приказни од областа на е-трговијата од нашата земја со цел охрабрување на други компании и претприемачи и другиот насочен кон кревање на свеста и едукација за штетните последици од сивата економија во е-трговија. До сега има над 500 регистрирани компании на веб платформата.

Со одржаните пет едукативни learn-a-thon тренинзи беа опфатени следните теми: менаџмент на социјални медиуми, креирање на емаил кампањи, управување со грижа на корисници, дигитална трансформација на бизнисите и маркетинг воден на база на клучни индикатори за зголемување на дигиталните вештини кај ММСП. На овие тренинзи т.н learn-a-thons земаа учество над 160 учесници од над 140 компании од земјава. Тренинзите имаа за цел да ги унапредат дигиталните вештини на учесниците кои доаѓаат од веќе постоечки бизниси со е-трговија, кои подоцна можат да ги аплицираат стекнатите вештини при работењето, за да остварат побрз раст и рзвој на компаниите.


“Hands on Social Media

“Еmail marketing in practice”

“Customer Relationship”

“Leading Digital Transformation”

“Growth Hacking & KPI Marketing”
Со оваа инцијатива АЕТМ директно влијаеше и во зголемување на понудата на е-трговијата, со што со беше овозможена финансиска и советодавна поддршка на 40 ММСП да отворат своја е-продавница и во време на пандемијата и брзо да се прилагодат на промените отворајќи нов канал за продажба.

Одбраните 40 апликанти од јавниот повик за отворање на нова е-продавница се достапни на овој линк
Беџот за верификуван е-трговец претставува визуелна ознака која се поставува на веб страниците на домашните е-продавници, која им помага на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија. Заинтересираните е-трговци аплицираат преку пополнување на онлајн апликација (формулар), а потоа согласно воспоставена процедура и правилници се врши проверка дали се исполнети минималните услови за доделување на беџ за верификуван е-трговец. Беџот беше лансиран во јануари 2021 година, а до сега 75 е-трговци ја имаат поминато постапката за верификација кои се стекнаа со беџ за верификуван е-трговец.
Е-трговија за сите (eng. Ecommerce4all) се реализираше со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.
