Се одржа првиот едукативен Learn-a-thon “Hands on Social Media” како дел од иницијативата „Ecommerce4ALL”

Свесни сме дека во денешно време, една од главните компоненти за раст и зголемување на продажбата на една е-продавница е дигиталниот маркетинг. Инвестирањето во дигиталниот маркетинг од страна на е-трговците е клучна за градење на еден бренд и истакнување на истиот пред пазарот и купувачите кој се дел од него. Оваа работна недела ја започнавме со првиот едукативен, бесплатен и дводневен Learn-a-thon, заедно со Brainster на тема “Hands on Social Media”, кој го реализиравме како дел од иницијативата „Ecommerce4ALL”, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Знаејќи дека една е-продавница без добра стратегија за дигитален маркетинг е како една обична продавница која не се наоѓа на локација што сама по себе ќе привлекува купувачи, ваквиот тип на Learn-a-thons имаат за цел на е-трговците да им овозможат знаење за подобрено користење на дигиталните услуги, се со цел зголемување на нивниот број на корисници и на нивната продажба, како и потенцирање на важноста на дигиталниот маркетинг во процесот на е-трговија.

Оваа дводневна обука се фокусираше на разоткривање на можностите кои ги нудат социјалните мрежи за успешно промовирање и рекламирање на еден е-бизнис. На оваа обука учествуваа 36 учесници кои активно се интересираа и развиваа дискусии за перформансите и улогата на социјалните мрежи во нивните компании и бизниси.

За време на првиот ден од обуката фокусот беше на т.н. неплатен маркетинг; креирање на содржина за профилите на вашиот бизнис, градење на однос со можни и постоечки купувачи, претставување на еден бренд и алатките кои се потребни за тоа. За време на вториот ден од обуката, фокусот беше на т.н. платен маркетинг, односно на сите аспекти на функционалноста на Facebook Ads Manager преку креирање на една рекламна стратегија врз основа на карактеристики кои се соодветни за македонскиот пазар и демографија.

По детално разгледување на овие две теми кои се од голема важност за еден е-бизнис, учесниците се стекнаа со знаење кое успешно ќе можат да го применат со цел развивање на нивната маркетинг стратегија која ќе придонесе за раст и развој на нивните е-продавници.

 

 

 

Поврзани содржини