fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Интервју со корисниците: Што мислат за digitalniuslugi.ecommerce.mk?

Им поставивме неколку прашања на тројца корисници на нашата нова платформа digitalniuslugi.ecommerce.mk со цел да се запознаеме со нивните омилени бесплатни алатки, најкорисни е-продавници и нивното мислење за транзицијата кон дигиталното општество.

Нашите соговорници од лево кон десно: Учка – професорка, Илин – студент, Јана – графички дизајнер

 

1.Платформата digitalniuslugi.ecommerce.mk се состои од категории кои содржат бесплатни алатки, онлајн продавници и веб сајтови за подмирување на сметки кои се на само неколку кликови од вас. Дали овој проект е нешто што наоѓа примена во вашето секојдневие со цел олеснување на работните обврски и уживање бесплатните дигитални содржини? Која од услугите ви e најкорисна за продуктивно исполнување на вашето време седејќи домa?
  • Јана Андева: Кога станува збор за продуктивноста и организирањето на работните задачи, заедно со мојот тим oд Солвео ги користиме алатките Slack и Asana кои ги забележав во категоријата бесплатни алатки на платформата. Аsana јасно ги покажува тековните обврски на секој од тимот на секој проект како и нивната итност, што дефинитивно ни помага непречено да работиме од дома. Секој понеделник имаме тимски состаноци на Zoom, a afterwork party во понеделник ми е договорен со Qurantine show на Дубиоза колектив, па така, бесплатните алатки дефинитивно завземаат голем дел од моето секојдневие. Голем поздрав до иницијативата на виртуелна прошетка на МСУ, бесплатните театарски претстави на МНТ како и забавите на МОФ. Најмногу им се радувам на Challenger дома, бидејќи годината кога го освоија 3то место на Startup Weekend Skopje го запознав тимот бидејќи покрај дизајнер на настанот јас бев и учесник и нивниот дух ветуваше многу, пресреќна сум што ја реализираа нивната идеја кога е најпотребно!
  • Илин Столески: Јас сум еден од студентите кои годинава заминаа на Еразмус размена,  брзо се вратија  и завршија во задолжителен карантин поради настанатата ситуација. Самоизолацијава не ми поминува бескорисно и досадно бидејќи сум личност која сака да го извади максимумот од секоја ситуација, па решив дека за време на истата сакам да се информирам што е можно повеќе за некои теми кои ми се од голем интерес. Љубител сум на вкусна храна, но готвењето ми е слаба страна. Кога платформата беше објавена, ја разгледував категоријата Е-учење и наидов на доста интересен курс од универзитетот Харвард кој го поврзува готвењето со науката.
  • Учка Крстевска: Многу ми се допадна што се е интегрирано на едно место, особено страните за култура и учење. Се надевам во иднина ќе го зголемите изборот на информативни страни и страни за учење како оние на CNN, BBC, Russian TV, National Geographic итн. Немам навика да купувам онлајн па во изминатиот период интернетот најмногу го користев за информирање, плаќање сметки и порачување храна.
2. Категоријата е-продавници ви овозможува пристап до сите оние продавници кои потполно ви стојат на располагање со нивните услуги и вообичаено, и во време на пандемијата . Која е-продавница најчесто ја посетувате и дали достапноста на сите е-продавници на едно место ви го олесни безбедното онлајн купување?
  • Јана Андева: Како човек што не сака многу да шета по продавници, за време на самоизолацијава дефинитивно уживам во електронското купување. Бев во потрага на подарок, па барајќи во категоријата онлајн продавници наидов на Антoлог и Преплет како супер продавници за тоа, и воедно  бев и многу задоволна за можноста за достава на адресата на славеникот. Периодов решив да се подновам со патики, па најмногу време потрошив во продавниците Sport-M и SportVision, а патиките ми стигнаа неочекувано брзо. Како гурман и љубител на мексиканската кујна највеќе уживам во е-купување на храна од ресторанот Амигос! (додека го пишувам ова, ми се пријаде!)
  • Илин Столески: Тоа што можам да ги најдам сите е-продавници на едно место навистина ми ја олеснува самоизолацијата бидејќи можам лесно да најдам се што ми треба со неколку брзи кликови. Ако морам да издвојам една е-продавница, најголема заслуга имаат paket.mk од каде постојано се опремувам со намирници и имам одлично искуство.
  • Учка Крстевска: Секако дека се на едно место е клуч за олеснето и брзо функционирање. Изминатиов период најмногу разгледував е-продавници за уредување на домот, но освен MOSS и Kares не наидов на други е-продавници се додека не ја разгледав платформата. Што се однесува до гардероба, периодов се доведував во искушение но сеуште не сум купила ништо онлајн.  Би било одлично кога би можеле да ги мотивирате сите е-продавници да организираат подобрување на искуството при онлајн купување.
3. Дали сметате дека со помош на оваа платформа може да се постигне менување на дел од навиките на граѓаните за користење на овие дигитални услуги, што подоцна би можело да доведе до поедноставна транзиција кон дигиталното општество?
  • Jaна Андева: Дефинитивно е прекрасно што на едно место ги има сите е-продавници, а секоја чест и за бесплатните алатки, за некој од нив не знаев па некои ми се веќе ставени во to-do листата. По искуството на електронско купување периодов, јас лично ќе продолжам и во по пандемијата да ги користам македонските е-продавници. Доколку некој не пробал да купува електронски, препорачувам да проба а истото важи и за бизнисите кои се двоумат дали да направат електроснки продавници. Би сакала како и во светот, така и во Македонија иднината да е дигитално општество!
  • Илин Столески: Мислам дека дигитализацијата е одличен начин за функционирање на едно општество, но за жал,  постарите луѓе во нашата држава не веруваат на интернет плаќањата бидејќи се уште функционираат на системот да имаат “црно на бело” за платеното. Но, со оглед на тоа што оваа платформа дава лесен пристап до е-продавници кои се сосема легални, функционални и достапни на едно место мислам дека со тек на време, ќе се воспостави доверба кај сите оние што се уште имаат сомнежи.
  • Учка Крстевска: Постојаното шетање по продавници е дел од културата на нашето население. Сепак, може да се воочи дека се повеќе луѓето од различни генерации се ориентираат кон онлајн живот во целост, а оваа платформа го овозможува токму тоа.

Post a comment