[Пазарна анализа] Гео-блокирање во е-трговијата во ЦЕФТА регионот

Market Analysis – Гео-блокирање во ЦЕФТА регионот

 

Акциониот план за заеднички регионален пазар 2021-2024 година предвидува слободно движење на производи и услуги во ЦЕФТА регионот. Гео-блокирањето им отежнува на онлајн-купувачите да купуваат од е-продавници со седиште на друг ЦЕФТА пазар (Албанија, Босна и Херцеговина, С.Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово).

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во изминатите неколку месеци правеше анализа на пазарите кои се дел од ЦЕФТА државите користејќи mystery shopping и спроведувајќи интервјуа со претставници од мапираните е-продавници со цел да го истражи гео-блокирањето од перспектива на потрошувачите, наметнато од е-продавниците во ЦЕФТА регионот и ja анализираше природата и причините зад идентификуваните гео-блокинг практики.

Ова истражување беше спроведено преку „mystery shopping“ на 160 е-продавници во ЦЕФТА регионот. Секоја е-продавница беше подложена на двојна опсервација од два доделени маркети од „мистериозни купувачи“ кои не се домашни, па оттука беа извршени вкупно 320 проценки за „мистериозни“ онлајн купувања од кои 76% беа на производи и 24% на услуги. Беа спроведени 44 интервјуа со претставници од е-продавниците. Студијата беше спроведена од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Србија со поддршка од Секретаријатот на ЦЕФТА – Централноевропски договор за слободна трговија.

Од што се состоеше анализата на пазарите?

 

КЛУЧНИ ПОЕНТИ:

  1. Кај 72.5% од е-продавниците во ЦЕФТА регионот се случува гео-блокирање кое ги спречува купувачите од другите ЦЕФТА пазари да купуваат онлајн
  2. Гео-блокирањето е најчесто за време на фазата на испорака на процесот на купување
  3. Проблемите со царината и испораката, како и недостатокот на униформни и јасни правила и прописи, се сметаат за главни блокирачи од страна на е-продавницитe

Истражувањето се базираше на 4 истражувачки прашања:

  • Колку е честа практиката на гео-блокирање во меѓупазарното онлајн купување во земјите од ЦЕФТА регионот
  • Дали гео-блокирањето е почесто кај продавањето на услуги или производи?
  • Во која фаза од процесот на онлајн купување се јавува гео-блокирањето и во каква форма?
  • Која е причината и оправданоста за препознаените практики на гео-блокирање

За време на вчерашната обука организирана од ЦЕФТА секретаријатот, во соработка со АЕТМ и фондацијата LIBRe беа презентирани резултатите од сеопфатната пазарна студија за гео-блокирање.

Целосниот извештај ќе биде објавен наскоро, а во март ќе биде организирана јавна презентација со клучните наоди. Наодите ќе послужат на патот кон подобрување на екосистемот за е-трговија и кон отстранување на неоправданото гео-блокирање во ЦЕФТА регионот, како дел од агендата зa е-трговија на ЦЕФТА.