Што претставува Моментум временскиот жиг на КИБС?

Во текот на мај 2012 година, КИБС постанува глобално признат Издавач на временски жигови (Trusted Timestamping Authority – TSA). Сертификатот на Издавачот на временски жигови е коренски потпишан од универзално признат CA (Certificate Authority) – DigiCert. Со ова временскиот жиг Моментум на КИБС е единствен на нашиот пазар кој е интернационално прифатен. Што претставува и […]

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е дел од Семинарот за е-трговија и меѓугранична е-трговија во Кина

Во периодот од 29 ноември до 12 декември 2019 година, В.Д Претседателот на Асоцијација за е-трговија на Македонија – Филип Чижбановски, заедно со 19 други претставници од институции од Република Северна Македонија (Секретаријат за Европски прашања, Комисија за заштита на конкуренција, Царинска управа, Централен Регистар, Министерство за финансии и Министерство за економија, Влада на Република […]

5 совети за подобро искористување на попустите за Black Friday

„Black Friday” или „Црн петок” е еден од најдобрите денови во годината да пронајдете фантастични зделки на телевизори, лаптопи, слушалки, звучници, паметни телефони и скоро за каков било вид технологија што можете да си замислите, како и неверојатни попусти на најразлични патувања, курсеви, прегледи, третмани итн.   Во последно време „Црниот петок” се повеќе прераснува од […]

Ноември – месец на најголеми попусти во е-трговијата

Ноември слободно може да добие епитет – „месец на попустите” бидејќи во овој месец се одбележуваат двата најзначајни денови со попусти во светски рамки, особено во е-трговијата. Станува збор за веќе добро познатиот „Црн петок” и до неодамна не толку популарниот (за македонскиот пазар) „Денот на самците”. Што всушност означуваат овие денови? Историјата за „Денот […]

Интернационален Картичен Систем АД Скопје КаСис со нови платежни продукти

Интернационален Картичен Систем АД Скопје – КаСис, процесор за обработка на трансакции со платежни картички и биро за персонализација, за првпат на македонскиот пазар, започна да нуди персонализација на нови “платежни продукти – минитаг и стикери”. Овие продукти претставуваат замена за досегашните стандардни платежни картички, и се во насока да овозможат модерен и брз начин […]

[Интервју] Цветанка Христовска, бренд директор во Тинекс МТ: Преку E-Tinex ги модернизираме потрошувачките навики на нашите клиенти!

Тинекс маркетите се достапни во Македонија веќе 25 години и на своите потрошувачи им ги обезбедуваат најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. Компанијата располага со 41 продажен објект, во 11 градови низ државата, а од неодамна располага и со сопствена интернет продавница E-Tinex. АЕТМ: Кажете ни нешто повеќе околу одлуката да започнете […]

E-commerce настани што можете да ги посетите во ноември

Како што наближуваме кон крајот на годината, остануваат се помалку настани за е-трговија што треба да ги посетите. Сепак, ние ви направивме една корисна листа со настани, така што ќе знаете кога и каде се одржуваат значајните конференции и настани за е-трговија овој месец низ Европа. 6 – 7 ноември: B2B Online Europe – Шпанија […]

Компанијата Пазар3 – говорник на меѓународна конференција во Истанбул за онлајн огласување

  Оперативниот менаџер на македонската компанија Пазар3, Ајлин Шеали, на 24ти октомври, во Истанбул, Турција, во рамки на големата меѓународна конференција организирана од ICMA, одржа говор на тема: „Како Пазар3 го трансформираше пазарот на онлајн огласувањето, од традиционалниот начин на купување и продавање, во нов дигитален пазар“. ICMA (International Classified Marketplace Association – Меѓународна асоцијација на […]

Одржан првиот регионален Masterclass настан насловен „Како да изградите успешен е-бизнис за жени претприемачи“

  United Nations Conference on Trade and Development (UNCTAD) ја започна својата серија на Masterclass настани од иницијативата „eTrade for Women” за да им помогне на жените претприемачи во земјите во развој и економиите во транзиција да дојдат до потребните знаења и вештини за да успеат во дигиталната економија. Првиот Masterclass, под насловот „Како да […]

E-трговијата во ЕУ: 4 регулаторни промени што ќе влијаат на брендовите

Во ЕУ, сѐ се менува кога станува збор за е-трговија. Од промените на ДДВ и предложените дигитални даноци за Велика Британија на работ на „Брегзит“, има многу работи на кои што треба да се внимава. Овие промени помагаат во растот на прекуграничната продажба и пристигнуваат во време кога купувањето преку Интернет во Европа продолжува да […]

Засилени активности против сивата економија во е-трговијата

Денес, во организација на Министерството за финансии и на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, се одржа работна средба на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е-трговијата”, со цел да се помогне во собирање на релевантни информации, сознанија и мислења од сите засегнати страни за сузбивање на сивата економија во нашата земја. На […]

Објавено лансирањето на IMN – првата пан-европска платформа за е-трговија

Четири водечки е-трговци во Европа, го објавија лансирањето на првата пан-европска платформа за е-трговија на пазарот. Платформата за европски пазари наречена Меѓународната мрежа на пазарот (International marketplace network) ги вклучува: Cdiscount (Франција), real.de (Германија), eMAG (Романија) и ePrice (Италија). eMAG е најголем онлајн трговец во Романија и регионален лидер во Унгарија, Бугарија и Полска. Платформата […]

Зошто и каде се користат дигиталните сертификати на КИБС?

  Клириншка куќа КИБС АД Скопје (КИБС) e оператор на платен систем за порамнување на мали меѓубанкарски плаќања. Со решение на Министерството за финансии од 26 јуни 2006 година, КИБС преставува првиот регистриран Издавач на сертификати во Македонија. Издавачот на сертификати КИБС припаѓа на меѓународната мрежа на доверливи соработници (хиерархија) на светскиот издавач на сертификати, […]

Зошто да присуствуваш на Конференцијата за Е-трговија “Бизнис раст со е-трговија”?

Во време на социјални медиуми и дигитална комуникација, честопати забораваме на важноста да се биде на место каде што можеме лице во лице да поразговараме со други луѓе од деловната заедница. Ова е особено точно за сопствениците на мали бизниси, кои најчесто се многу зафатени со извршување на повеќе работни позиции одеднаш, така што мислата […]

Стратегии за градење на вашиот бренд во е-трговијата

Конечно ја поставивте вашата онлајн продавница. Сепак, дури сега сфаќате колку е тешко да креирате своја трговска марка и да го направите соодветното брендирање на вашиот е-бизнис. За да ви помогнеме во оваа задача, направивме листа на најефикасните стратегии за градење бренд од вашиот нов е-бизнис. 1. Дефинирајте го вашиот бренд Сѐ е до перцепцијата […]

АETM – најнов член на Асоцијацијата за Е-трговија на Европа

Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија, од неодамна, стана член на Асоцијацијата за Е-трговија на Европа (E-commerce Europe), која што застапува над 100,000 компании кои продаваат стоки или услуги преку Интернет на потрошувачите во Европа.   Асоцијација за Е-трговија на Европа е единствениот глас на секторот за дигитална трговија во Европа. Како резултат на здружување на […]

За чиста 10ка и едноставен студентски живот!

  Студентскиот живот е несомнено возбудлив и исполнет со бројни незаборавни доживувања, но неминовно е и дека носи свои предизвици за студентите. Непроспиени ноќи за испити, трошоци за студии, трошоци за патувања, кирии или пак различни активности и дружење… А, кога зборуваме за трошоците, токму тие претставуваат еден од најголемите предизвици, бидејќи фокусирајќи се на […]

Човекот што ја воведе е-трговијата во Кина се повлекува од лидерската позиција

  Џек Ма, основачот на гигантот во електронска продажба „Алибаба”, се повлече од позицијата на извршен претседател на компанијата. Своето место во водење на компанијата тој ќе го препушти на досегашниот директор Даниел Чанг на 20 годишнината од постоење на компанијата, но во Одборот на директори Џек ќе остане до 2020 година.   Инаку „Алибаба” […]

6 совети за оптимизирање на вашата е-продавница за помалку од 5 дена

Дали вашата продавница за е-трговија e оптимизирана?  Кога имате своја е-продавница, лесно е да се паднете во секојдневната „трка со стаорци” и да не сте во тек со најактуелните трендови. Добрата вест е дека не е потребно многу за да го вратите вашето работење во врвна форма. За помалку од пет дена, можете да ја […]

Настани за е-трговија кои што можете да ги посетите овој септември

Како што за децата септември е асоцијација за back to school, така за возрасните септември е синоним за back to work активности, започнување со планови за новата сезона и посета на бројни настани, обуки, работилници. Ова подразбира и посета на интересни и значајни настани за е-трговија низ Европа, на кои ќе имате можност да ги […]