Како што за децата септември е асоцијација за back to school, така за возрасните септември е синоним за back to work активности, започнување со планови за новата сезона и посета на бројни настани, обуки, работилници. Ова подразбира и посета на интересни и значајни настани за е-трговија низ Европа, на кои ќе имате можност да ги дознаете технолошките новости, предизвици, трендови и иновации во областа на е-трговијата и секако, одлична можност за вмрежување и соработка со меѓународни ентузијасти и искусни лидери во областа на е-трговијата, дигиталните бизниси и дигиталните комуникации.
Ние подготвивме листа со настани и локации за овој септември, останува на вас да одберете кој настан за најмногу ви одговара на потребите и би сакале да го посетите.
11-12 септември: Dmexco – Келн, Германија
DMEXCO e голем европски настан за е-трговија што се одржува во Келн, Германија. Настанот вклучува изложбен (expo) и конференциски дел. DMEXCO е место за состаноци и заедница за клучни играчи во дигиталниот бизнис, е-трговија, маркетинг и иновации. На овој настан се собираат лидери во индустријата, професионалци за маркетинг и медиуми и технолошки пионери за поставување на дигиталната агенда. Во изложбениот дел се очекуваат над 41.000 посетители и повеќе од 1.000 излагачи. Конференцискиот дел, пак, се состои од голем број на меѓународни презентации, каде лидерите на дигиталната економија зборуваат за најновите трендови и иновации. Повеќе од 570 меѓународни говорници ќе одржат над 250 часа презентации во 15 различни фази.
Повеќе информации за овој настан можете да најдете на: https://dmexco.com/
18-19 септември: Savant eCommerce – Лондон, Велика Британија
Savant eCommerce е дводневен настан на кој присутните се запознаваат со менаџери и директори на врвни брендови во Европа, лице в лице и притоа се поврзуваат, вмрежуваат и споделуваат информации за работењето. Годинашниот настан ќе се води во насока кон посочување на најгорливите точки на врвните брендови и трговците на мало во Велика Британија. Во текот на овие два дена, ќе се истражува и кој дел од процесот на купување може да се оптимизира за да се подобрат и искуството на клиентот и профитабилноста на е-бизнисите во рамките на менливите динамики на пазарот. Накратко, Savant eCommerce собира 150 лидери во областа на е-трговија од најдобрите 100 е-трговци во Велика Британија, за да разговараат за иднината на е-трговијата заедно со клиентите.
Повеќе информации за овој настан можете да најдете на: https://www.savant-events.com/event/savant-ecommerce-london/
24-26 септември: Paris Retail Week – Париз, Франција
Петтото издание на Неделата на трговија на мало (Paris Retail Week) ќе се одржи од 24 до 26 септември во Paris expo Porte de Versailles. Во текот на овие три дена, посетителите ќе имаат простор за остварување на деловни соработки, вмрежување и дискусии за е-трговија, заедно со 600 компании учеснички и 25.000 носители на одлуки од најразличи компании во Европа. Во ова издание, организаторите на Неделата на трговија на мало ќе го олеснат искуството на посетителите со поделба на настанот за тргување на мало во различни теми поделени по денови. Првиот ден (вторник, 24 септември) ќе се однесува на искуството на клиентот, оптимизирање на податоците и нови средства за плаќање. Вториот ден (среда, 25 септември) е наменет за маркетинг иновации, Б2Б маркетинг и пазари, додека пак, последниот ден (четврток, 26 септември) ќе опфати теми како омни-канал стратегии и ефикасен синџир на снабдување.
Повеќе информации за овој настан можете да најдете на: https://en.parisretailweek.com/
25-26 септември: eCommerce Expo 2019 – Лондон, Велика Британија
На eCommerce Expo 2019 настанот, кој се одржува во Олимпиа изложбениот центар во Лондон, присутните ќе можат да ги откријат трендовите и технологиите кои ќе имаат големо влијание врз растот на нивните деловни активности. Настанот поврзува над 15.000 професионалци за е-трговија со иноватори на најновите технологии за е-трговија. eCommerce Expo настанот е наменет за сите страни инволвирани во електронската трговија, без разлика дали функционират како B2B или B2C. Овој настан е во организација со Technology for Marketing & ad:tech, така што доколку се одлучите за овој настан ќе имате можност да бидете дел од 3 различни настани во исто време. Најдобриот дел – влезот за посетителите е бесплатен.
Повеќе информации за овој настан можете да најдете на: https://www.ecommerceexpo.co.uk/
25 септември: eCommerce Awards 2019 – Лондон, Велика Британија
Настанот eCommerce Awards 2019 ги истакнува најдобрите онлајн трговци, компании, агенции, иновации, производи и кампањи што индустријата ги нуди. Наградите за електронска трговија ќе се одржат во среда, на 25 септември 2019 година во хотелот „Лондон Мериот“ на плоштадот Гросвенор во Лондон. Секоја година, стотици клучни играчи од дигиталните бизниси се собираат да ги препознаат и испочитуваат сјајните достигнувања на нивните врсници. Наградите не само што даваат одлични можности за вмрежување, туку и претставуваат одличен социјален повод помеѓу посетителите. Компаниите кои имаат присуствувано на овој настан во претходните години се: American Express, ASOS, Domino’s, Jack Daniels, Lidl, MasterCard, O2, Red Bull, Selfridges, Sony, Time INC, Toys R Us, Virgin, Vodafone, Wagamama итн.
Повеќе информации за овој настан можете да најдете на: https://www.ecommerceawards.london/