6 совети за оптимизирање на вашата е-продавница за помалку од 5 дена

Дали вашата продавница за е-трговија e оптимизирана?  Кога имате своја е-продавница, лесно е да се паднете во секојдневната „трка со стаорци” и да не сте во тек со најактуелните трендови. Добрата вест е дека не е потребно многу за да го вратите вашето работење во врвна форма. За помалку од пет дена, можете да ја зголемите вашата продажба, да ја намалите стапката на клиенти што се откажале од финализирање на нарачката (ја напуштиле потрошувачката кошничка) и да го зголемите бројот на потенцијални клиенти. Сè што е потребно е да направите неколку мали прилагодувања во секојдневното работење.

1. Искористете ја моќта на фотографиите од производите

Според истражувањата на компанијата за видео услуги Инводо, 92,6 проценти од сите потрошувачи сметаат дека фотографиите се највлијателниот фактор кога станува збор за донесување на позитивна одлука за купување. Доколку користите само една фотографија, или пак, вашите фотографии не се со висок квалитет, тогаш вашиот производ не е комплетно оптимизиран. Фотографиите од вашите производи треба да бидат јасни и квалитетни, но не треба да се со превисока резолуција, бидејќи со тоа ќе влијаат на времето на отворање на страницата, особено на мобилните уреди. Како што се повеќе и повеќе купувањето се одвива мобилно, балансирањето на квалитетот и големината на фотографијата станува сè поважно. Затоа, размислете дали да купите висококвалитетна камера и да научите сами да ја користите или да склучите договор со професионален фотограф. Како за пример и најуспешниот е-трговец во светски рамки – Amazon.com, има строги критериуми кои се однесуваат на фотографиите од производите:  производите мора да се сликани во резолуција од 1000px или поголема, производот треба да зафаќа 85% од фотографијата и сите производи мора да се сликаат строго на бела позадина.

Заклучок: Сликата вреди илјада зборови. Колку се вредни вашите фотографии?

 

2. Направете follow-up на напуштените потрошувачки кошнички.

Кога Envelopes.com се обидувал да дознае како да ги оптимизира стапките на конверзија, тие одлучиле дека најдобро место за почеток би биле клиенти кои што не ја завршиле својата нарачка од било која причина. Тие се концентрирале на една област: напуштени кошнички за е-шопинг. Ако барате мотивирани потрошувачи кои се заинтересирани за вашиот производ, не можете да тргнете од подобро место од напуштените потрошувачки кошнички. Корисникот го пребарал вашиот сајт, кликнал на вашиот производ и не само што размислувал да го купи, туку всушност го ставил во кошничката. Што би биле следниот потег? Исто како што направил Envelopes.com, како што забележува нивната студија за случајот на Core DNA. Тие откриле дека, за нивните цели, најдобро функционирало испраќањето на follow-up мејл и тоа 48 часа по напуштањето на кошничката. Откако го испратиле тој мејл, веднаш доживеле неверојатни 40% раст на стапката на конверзија од вкупната бројка на напуштени кошнички, што е речиси нереално.

Заклучок: Напуштените кошнички не се неуспеси, тие претставуваат можности. Гушнете ги можностите со обете раце.

 

3. Направете ја вашата страница уште повеќе mobile-friendly.

Дали вашата платформа за е-трговија ги оптимизира стапките на конверзија, времето на отворање на вашата страница и продажбите од мобилен телефон? Според една проценка на Statista, електронската трговија во САД се предвидува да достигне 338 милијарди долари до 2020 година, и тоа не е случајно. Луѓето купуваат од нивните таблети и смартфони повеќе од кога било досега и ако вашата страница не е оптимизирана целосно за користење преку мобилен телефон, многу брзо ќе стане заборавена од потенцијалните потрошувачи. Производителот на производи за рекреација „Exxel Outdoors” неодамна реши повторно да инвестира во нова платформа која е оптимизирана и дизајнирана за користење најмногу преку мобилни телефони, бидејќи со постоечката платформа не ги добивале конверзиите на потрошувачи кои ги очекувале. Со оваа одлука, компанијата забележала зголемување од 272 проценти во стапката на конверзија преку мобилни телефони и пораст од 193 проценти во приходите од продажби остварени преку мобилен телефон од една година.

Заклучок:  Креирањето на нова платформа е еден од најдрастичните чекори што би можеле да ги преземете, но насочувањето на вашата страница и овозможувањето побрзо пребарување преку мобилен телефон, апсолутно ќе ви помогне во зголемување на стапките на конверзија. Не ги занемарувајте продажбите направени преку смартфон.

5. Поправете ја оптимизацијата (SEO) на сродните производи.

Ова е прилично едноставен предлог, но ќе се изненадите колку страници всушност не го прават тоа. Ако имате сродни, слични или комплементарни производи, концентрирајте ги на една страница, наместо да направите посебна страница за секој модел или боја. Можете да направите една страница за сите сродни производи и да користите опаѓачко мени или друга техника за да им дозволите на корисниците да изберат која боја, големина, модел или тип на производ сакаат да  го одберат. Како што забележува Search Engine Watch , компанијата Zappos одлично ги оптимизира своите производи.

Заклучок: Олеснето им го е-шопинг искуството на потенцијалните потрошувачи со скратување на времето за пронаоѓање на вистинскиот производ во вистинската боја, форма или модел за нивните барања.

 

6. Напишете ги описите на вашите сопствени производи.
Ако имате искуство со е-трговија, веројатно сте го приметиле овој тренд повеќе пати, односно секогаш кога има некој нов производ на пазарот. Се појавува новиот производ, го пребарувате на Google и секоја објава за овој производ има ист опис, исти зборови, исти фрази. Ова претставува лоша оптимизација и лоша практика воопшто.

Не го копирајте описот на производот што сте го добиле директно од производителот. Обидете се да напишете свој опис. Описите честопати се само површни, иако се добиени директно од производителот. Исто така, веројатноста дека истиот опис ќе го копираат и користат повеќето страници за е-трговија е голема, со што директно се намалува вашата оптимизација на производите (SEO).

Заклучок: Оригиналноста се исплати. Секогаш пишувајте ги описите за производите кои вие ги продавате на свој начин, со нагласување на предностите кои што вие сметате дека се значајни.