E-mail маркетингот преку е-пошта постои онолку долго колку што постои интернетот.
Идејата да се има неограничен досег до потенцијалните клиенти и купувачи ширум светот значеше допирање на огромен, неискористен пазар. Со години, e-mail маркетингот беше еден од единствените методи кои многу големи и мали бизниси ги користеа за да им пристапат на клиентите.
Потоа, со доаѓањето на други форми на маркетинг како SEO, социјалните медиуми и СМС, многу сопственици на бизниси сфатија дека е-поштата е застарена опција и ги префрлија своите стратегии на помодерни платформи.
Сепак, спротивно на овие верувања, e-mail маркетингот преку останува еден од најефикасните начини за доаѓање до нови, стари и сегашни клиенти со промоции, специјални понуди и останати работи.
Погледнете ги овие 5 причини зошто е-mails се сè уште клучни за успешен повеќеканален маркетинг во 2022 година!
Бројот на e-mail корисници сè уште се зголемува
Со оглед на тоа што милијарди луѓе ширум светот секојдневно ги користат своите сметки за e-mail, постои огромен потенцијален пазар што може да го достигнете со вашиот бренд и понуди. За споредба, платформите на социјалните медиуми имаат дефинитивно помалку директен досег:
- Facebook: 2,9 милијарди месечни корисници
- Instagram: 1,3 милијарди месечни корисници
- TikTok: 1 милијарда месечни корисници
Во 2020 година, 4 милијарди луѓе користеле е-mail. Тој број се очекува да се зголеми за 600 милиони во 2025 година, што е ветувачки знак за бизнисите што го започнуваат своето патување низ e-mail маркетингот.
Нови e-mail accounts се креираат секој ден – сите нив се потенцијални клиенти за вашиот бизнис, без разлика на неговата големина. Имајќи предвид дека 49% од потрошувачите би сакале да добиваат промотивни е-mails од нивните омилени брендови,тука нема ограничување до тоа колку нови клиенти можете дастигнете преку e-mail маркетинг.
Зголемен LTV на клиентите
Животната вредност на клиентот (LTV) е важна метрика која ја мери вредноста на клиентот во текот на нивниот период на купување од вашиот бренд . Од нивното прво до последно и секое купување измеѓу.
Имајќи предвид дека е 25 пати потешко да се стекне нов клиент отколку да се задржи веќе постоечки, да се има висок просечен LTV е од витално значење за постојана продажба и профитабилност.
Колку подолго можете да ги задржите постоечките клиенти заинтересираниза вашиот бренд и за купување на вашите производи, толку подобро. И е-mail маркетингот може (и ќе биде) вредна алатка за да помогне за тоа да се оствари за вашиот бизнис.
Од редовно известување на клиентите за промоции и попусти до користење на маркетиншка автоматизација за испраќање е-mail до корисници кои ја напуштиле својата количка, е-поштата е ненаметлив, но ефикасен начин за лично комуницирање со клиентите.
Ајде да ги користиме оние e-mails за напиштена количка
Повеќе од 40% од е-маиловите што ги потсетуваат клиентите за нивната напуштена количка биле отворени, половина од нив потоа биле кликнати, а половина од оние што кликнале го комплетирале своето купување. Сите тие продажби веројатно би биле изгубени доколку го немало оној е-маил за напуштање на количката.
Разновидност и флексибилност на содржината
Имате изобилство на контрола во e-mail маркетингот што честопати едноставно не е возможно со други форми на маркетинг.
Од newsletters (билтени) и приспособени е-пораки до промоции и потсетници за check-out, постојат неверојатно разновидни форми на е-mail маркетинг (и комуникација) кои можат да бидат од витално значење за зајакнување на ангажманот на клиентите и купувачите на различни начини.
Претходно се напомена личното комуницирање со купувачите и клиентите. Ова е клучна состојка за зголемување на вашиот успех во маркетингот, како и целокупно за вашиот бренд.
Ако испаќате премногу општи маркетинг мејлови или пак испраќате мејлови премногу често, ова може да доведе до поплаки од клиентите или да поттикне незаинтересираност од нивна страна. Но, ова често може да се избегне со ефективно планирање.
Градење на афинитет на брендот
Со оглед на тоа што (навистина) нема ограничувања за прилагодување за персонализација на вашите е-маилови, како што се слики на производи, промотивни кодови, па дури и видео – можете навистина да креирате содржина која е скроена според желбите на вашите купувачи.
Раскинувајќи ги вашите CRM (customer relationship management) контакти на специфични листи како што се нови клиенти, тековни клиенти, родендени на клиенти итн ., можете да започнете да го персонализирате вашиот пристап кон секој сегмент од клиентите за уште поперсонализирано искуство.
Има бескрајни начини да се поттикне ангажманот на клиентите преку градење и негување на односот помеѓу вас и нив, од newsletters кои ги истакнуваат најголемите новости на вашиот бренд до автоматизирани роденденски честитки со код за попуст.
Зголеменa рентабилност
Маркетингот преку е-пошта им нуди на бизнисите можност за огромен поврат на инвестицијата (ROI).
За секој 1 долар потрошен на е-mail маркетинг кампањи, можете да добиете поврат од 42 долари во просек. Покрај тоа, подостапните стратегии за испраќање е-mail, како што се автоматизираните е-пораки, придонесуваат за 320% повеќе приходи и можат да ви заштедат бескрајни часови рачно испраќање на е-маилови.
Со засилување на вашиот маркетинг процес со користење на безброј достапни опции, можете да ги зголемите приходите на вашиот бизнис со максимизирање на вградената профитабилност на вашата листа на контакти на потенцијални клиенти и постоечки клиенти. Во суштина, e-mail маркетингот може да ви помогне да работите попаметно, а не понапорно – а истовремено да биде и економичен.