5 начини да му помогнете на вашиот бизнис во време на криза

5 Ways to Help Your Business Win in Times of Crisis

11 март 2020 година е ден наменет за историските книги: „СЗО ја прогласува појавата на коронавирус за пандемија“. На тој ден, сите започнаа да бараат начини за тоа како нештата треба да функционираат за време на пандемија. Набргу дојде и денот кога пазарите се срушија на 16 март, претворајќи ја кризата во здравствена и економска несреќа.

Иако врежано во нашите умови со голема неславност, Тим Дејвис, претседателот на UPS верува дека ваквите денови им помагаат на луѓето да станат вистински лидери.

Како претседател на UPS, бизнис што се смета за неопходен во текот на пандемијата, Тим Дејвис вели дека воочил што функционира (а што не) кога се наоѓаме во криза и како лидерите можат дури и глобалната пандемија да ја претворат во можност. Ова се неговите 5 совети за тоа како да му помогнете на вашиот бизнис во време на пандемија:

Направете чекор назад

Темпото на иновативноста на технологијата во денешниот свет нè обучи да мислиме дека брзите одлуки се добри одлуки. Но, не можеме да ја игнорираме мудроста која се крие во правењето чекор назад со цел да ја анализираме ‘пошироката слика’ и да запомниме што навистина е важно, особено во време на несигурност. Одвојувањето време со цел да забавите ви дава потенцијал да видите можности што можат да го забрзаат вашиот бизнис. Не правете грешка со тоа што ќе дозволите да ве опседне презафатеноста поради кризата. Наместо тоа, закответе се и останете стабилни во невремето.

Останете слободоумни

Останувајќи крут во мислите во време на криза и одбивајќи да го смените вообичаениот начин на извршување на работите е она што предизвикува ‘потонување на бродови’. Можеше да се забележи како лукавоста и иновативноста одржуваа во функција толку многу мали бизниси додека научија како да им служат на своите клиенти на алтернативни начини. Гледајте на предизвиците како можност да го направите вашиот начин на функционирање посилен и повеќе во согласност со моменталните потреби на вашите клиенти.

Бидете флексибилни, а сепак дисциплинирани

Се чини контрадикторно, нели? Како можете да водите со флексибилност додека ја охрабрувате дисциплината? Тоа е суптилна, но сепак хармонична рамнотежа што може да резултира во работна сила што функционира со голема ефикасност. На пример, кога пандемијата го завзема својот удар, сите доживуваа паника и конфузија на различни нивоа. Како лидер, важно е да разберете дека не сите се на исто место. Водењето со емпатија и разбирање е сигурен чекор кон стекнување доверба од вашите колеги, нешто што е императив за одржување на смиреноста во време на криза. Па така, одржувањето на структурата и дисциплината се сѐ уште важни за одржување на еден бизнис, особено во економска криза. Вистинската дисциплина се сведува на малите работи како носење на нови идеи или размислувајќи надвор од границите.

Изразувајте благодарност

Како што се појавува пандемскиот замор, лидерите не смеат да ја заборават моќта на благодарноста – за клиентите, вработените, колегите и добавувачите. Да одвоите време за благодарност среде појава на високи емоции не само што им помага на вашата ментална и физичка состојба, туку и поттикнува култура на благодарност околу вас. Вашите вработени жртвувале многу во ова време за да го одржат вашиот бизнис во живот. Потсетете ги колку се вредни и ценети нивните напори.

Останете отпорни

Се чини јасно дека нашиот свет ќе ги доживува ефектите на covid-19 многу подолго отколку што се надевавме и очекувавме. Совет за лидерите од Тим Дејвис? Држете се силно и не пуштајте. Останете верни на себеси како лидер и вредностите на вашата компанија, дури и кога на работите ќе им се случи неочекуван пресврт. Отпорноста може навистина да биде заразна. Вистински водачи се оние кои можат да ја исчистат прашината, да бидат смирени и да продолжат – сè додека ги инспирираат другите да го сторат истото.

Без оглед на формата што ја носи – без разлика дали се здравствени, економски или природни – кризите изобилуваат со огромен потенцијал за создавање на нешто вредно.

Извор: Entrepreneur