5 Едноставни техники како да изградите лојална база на потрошувачи

Градењето на лојална база на потрошувачи треба да биде приоритет на секој бизнис. Стекнувањето клиенти е тешко, но нивното задржување е уште потешко. Ако не се обидете да ја заработите нивната лојалност, клиентите на кои што долго сте работеле, може лесно да исчезнат.

Концентрирајте се на креирање култура околу вашата компанија за да се поврзете со вашите потрошувачи. Изградете компанија каде што тие ќе ги купуваат вашите производи и услуги без разлика на цената. Запомнете дека тие ќе се држат до вашиот бизнис ако креирате одлично искуство за нив.

Заработката на лојални потрошувачи е особено точна во делот на малите бизниси, затоа што можете да допрете до потрошувачите на многу персонално ниво.

Во продолжение ќе прикажеме 5 едноставни техники што ќе ви помогнат лесно да изградите лојална база на потрошувачи:

1. Користете социјални медиуми

Да се биде присутен на социјалните медиуми ви дава можност да комуницирате со вашите потрошувачи преку коментари или директни пораки. На овој начин, луѓето дознаваат повеќе за вашата компанија и призводи. Најважен дел е дека може да ги споделувате нивните оценки што одат во прилог со лојалноста на самите потрошувачи.

Исто така, важно е да ги поттикнете да користат брендирани хаштагови. Креирајте хаштаг за вашата компанија на социјалните мрежи како Инстаграм или Фејсбук, и кажете им на потрошувачите да го користат на објавите што ги споделуваат. На овој начин, ќе се чувствуваат дека припаѓаат на заедница каде што можат да ги видат објавите со истиот хаштаг споделени од други луѓе. Бидете што е можно покреативни да создадете култура ориентирана кон фановите со цел да ја зголемите интеракцијата со вашиот бренд.

2. Наградете ги потрошувачите

Давањето различни подароци на вашите клиенти ќе ги направи среќни и ќе ги мотивира да останат лојални на вашата компанија. На пример, програмата за лојални потрошувачи “Say2B” ви овозможува да ги наградите вашите потрошувачи со подароци, купони и попусти. Исто така, испраќа известувања со персонализирани таргетирани пораки, што прави потрошувачите да се чувствуваат како да се обраќате директно на нив. Ова е одличен начин да се зголеми нивната лојалност и да се привлечат нови потрошувачи.

Програмите за лојалност ги наградуваат работите што создаваат дополнителна вредност за вашата компанија и потрошувачи. Кога се наградени, дефинитивно ќе зборуваат за вашиот бренд со нивните пријатели и семејство дури и ако не го побарате тоа од нив. Ова ќе го зајакне вашиот бренд со Word-of-Mouth маркетинг. Затоа, наградете ги вашите потрошувачи ако сакате да останат лојални на вашата компанија.

3. Бидете искрени

Ако сакате потрошувачите да ви веруваат, треба да бидете искрени со нив. Секогаш кога постои проблем што некако влијае на потрошувачите, објаснете ја ситуацијата и бидете ажурни. Потрошувачите се полојални на компании што се искрени и праведни.

Изградбата на доверлива и транспарентна врска со потрошувачите е клучот за успешен бизнис. Ако веќе сте направиле грешка, негирањето или лажењето за тоа може да резултира со губење на довербата. Запомнете дека тие имаат пристап до огромен број на информации на интернет, затоа не дозволувајте да дознаат сами за постоечкиот проблем. Искреноста ќе ви помогне да ги задржите засекогаш.

4. Споделете ги вашите вредности

Како компанија, сигурно имате група на споделени вредности. Ова е нов начин компаниите да стекнат лојални потрошувачи. Многу луѓе донесуваат одлуки за купување базирани на нивните вредности. Треба да разберете дека освен купување на производи или услуги, потрошувачите ги купуваат и вредностите на компанијата, како и работите за кои што се залага брендот. Поверојатно е дека потрошувачите ќе се задржат на вашата компанија кога се приврзани и за вашите вредности отколку само за производите и услугите кои ги нудите. Може лесно да ги изразите вредностите преку социјалните медиуми, и да ја зголемите свесноста за што компанијата се залага. Значи, споделените вредности се едни од примарните причини зошто потрошувачите имаат доверлива и лојална врска со компанијата.

5. Хуманизирајте го вашиот бренд

Иако ова звучи премногу очигледно, една од основните работи што треба да ја направите е да обезбедите одлична грижа за клиентите. Ова вклучува и хуманизирање на брендот. Луѓето се уморни од бескрајните автоматизирани одговори што што ги добиваат и секогаш се среќни кога знаат дека постојат вистински луѓе зад вашиот бренд.

Создавањето на чувство на лична конекција со компанијата може да биде причина зошто потрошувачите остануваат лојални. Нема дилема дека ботовите можат делумно или целосно да ги одговорат нивните прашања, но луѓето се отвараат повеќе кога знаат дека постои вистински човек на другата страна. Покажувањето на лицето на компанијата преку социјални мрежи или е-маил е исто така можност за поврзување со потрошувачите на еден личен начин, па дури и да направите да се чувствуваат како да ги слушате нивните гласови.

 

извор: https://www.ecommercewiki.org/